МИА ФлешПакети

МИА Флеш

17 јануари 2020

17 јануари 2020

Белград, 17 јануари 2020 (МИА) По повод денешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека парламентарните и локални избори ќе се одржат на 19 или 26 април, премиерката Ана Брнабиќ кажа дека распишување на изборите и одредувањето датум се исклучива одговорност на претседателот на Србија.

Таа оцени дека не може да каже кога ќе се одржат изборите, и покрај фактот дека еден од двата датуми кои претседателот Вучиќ ги споменува паѓа на Велигден.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена на првиот парламентарец Талат Џафери. Претходно денеска претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска ја презентираше оваа стратегија пред медиумите.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево одржува средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Сака да ги слушне, како што рече пред средбата, предлозите на бизнис заедницата, а потоа и да ги вметне во партиската економска изборна програма која ќе биде претставена пред граѓаните.

Москва, 17 јануари 2020 (МИА) – САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.

Пекинг, 17 јануари 2020 (МИА) – Минатата година бројот на кинеското население достигна 1,4 милијарди, и покрај тоа што стапката на наталитет на земјата продолжува да опаѓа.

Националното биро за статистика соопшти дека бројот на населението на копното достигна 1,4 милијарди, што претставува зголемување од повеќе од 4,67 милиони.

Белград, 17 јануари 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари средба со српскиот член на Претседателството на БИХ, Милорад Додик, на која, како што јави допсникот на МИА од Белград тема на разговорите бил и Дејтонскиот мировен договор.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Продукцијата „Банана филм“ соопшти дека „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски го надминал бројот од 30 000 гледачи.

– Тоа е рекорд и ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба“ е и најгледан македонски филм во последниве години. Минатиот месец од „Синеплекс“ објавија дека „Врба“ е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот го прикажа филмот во над 20 градови во државава. Од неодамна „Врба“ се прикажува во Кинотека, сооппшти продукцијата.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Преодната Влада на Северна Македонија ги има сите овластувања да обезбеди континуитет на политиките и процесите од интерес на земјата и граѓаните, меѓу кои свое место има и продлабочување на соработката со Руската Федарација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата, Спасовски на гостинот му посочил дека сите отпочнати процеси на дипломатиите на двете земји, особено проектите од заемен интерес иницирани од Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација ќе продолжат да се реализираат согласно договорените планови и динамика.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека до 12 април и пред распуштање на Парламентот, ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Тој денеска, пред средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да изнајдат заедничко решение.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Не сметам дека донесовме избрзана одлука со распишувањето на предвремените избори по недобивањето датум за почеток на преговорите за членство, туку го направивме вистинскиот потег со цел граѓаните да направат вистински потег со носење на вистинска одлука на изборите, изјави премиерот Оливер Спасовски во интервју за МИА.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close