МИА ФлешПакети

МИА Флеш

17 јануари 2020

17 јануари 2020

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Намалена видливост поради магла утринава има во Тетово и Охрид. Од ЈП Македонијапат соопштија дека видливоста на патниот правец од Тетово кон село Гајре е 20 метри додека пак во Охрид е 30 метри.

Берлин, 17 јануари 2020 (МИА) – Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите од Западен Балкан, при тоа предупредувајќи на ризиците со кои ќе се соочи ЕУ ако не испрати јасен сигнал за регионот.

– Неопходно е да се изнајде нов консензус за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, да се подобри политиката на проширување и да се подготви мајскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан, изјави Лајчак на Конференцијата за стратешките предизвици на ЕУ на Западен Балкан 2020 година, што се одржува во Берлин.

Киев, 17 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на украинската Влада Олексеј Хончарук поднесе оставка од функцијата.

– Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка, напиша Хончарук на Фејсбук.

Ерусалим, 17 јануари 2020 (МИА) – Израелската полиција приведе петмина фински државјани, меѓу кои и една парламентарка.

Финската парламентарка Ана Контула и четворица фински хуманитарни активисти се приведени откако се обиделе да ја преминат оградата што го одделува Израел од блокираниот палестински појас Газа.

Вашингтон, 17 јануари 2020 (МИА) – Единаесет американски војници се повредени за време на иранскиот напад врз базата Ал Асад во Ирак, иако Пентагон претходно тврдеше дека никој не бил повреден.

– Иако ниту еден припадник на американските сили не загина во нападот што се случи на 8 јануари, неколкумина се лекуваат од симптоми потрес на мозок од експлозиите и нивната состојба се уште се проценува, соопшти воената коалиција предводена од САД, која во Ирак и Сирија се бори против Исламска држава, јави Си-Ен-Ен.

 

Back to top button
Close
Close