МИА ФлешПакети

МИА Флеш

15 јануари 2020

15 јануари 2020

Букурешт, 15 јануари 2020 (МИА) – Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) денеска соопшти дека во фарма во северозападна Романија откриен е вирус на птичји грип Х5Н8. Првпат по три години во Романија е регистриран вирусот на птичји грип, од кои угинаа 11.190 од 18.699 птици во регионот Марамурес, што се наоаѓа на границата соо Украина и Унгарија.

Техеран, 15 јануари 2020 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го отфрли предлогот за нов „договор изготвен од Трамп“ што ќе има за цел да го реши нуклеарниот спор, изјавувајќи дека е тоа „чудна“ понуда, притоа критикувајќи го американскиот претседател дека секогаш ги прекршува ветувањата.

Техеран, 15 јануари 2020 (МИА) – Британскиот амбасадор во Иран, Роберт Макер ја напуштил земјата откако претходно беше кратко уапсен во Техеран, јавија иранските државни медиуми. Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Макер информирал дека ќе замине.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека до самитот во Загреб, ЕУ ќе биде подготвена со нова методологија за преговори за пристапување во Унијата.

-Знам дека предлогот на Комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни, вели францускиот амбасадор Тимоние за Утрински брифинг.

Aнкара, 15 јануари 2020 (МИА) – Турција и Русија разговараат за воспоставување „безбедносна зона“ во северозападниот регион Идлиб во Сирија, каде раселените Сиријци би можеле да се засолнат во текот на зимата. Тоа го изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

– Нападите на сириските владини сили во регионот продолжија и покрај прекинот на огнот што стапи во сила пред три дена, изјави Акар пред новинарите во Анкара.

Рим, 15 јануари 2020 (МИА) – Италијанската полиција денеска приведе 94 лица на Сицилија под сомнение дека злоупотребиле милиони евра од фондовите на Европска Унија наменети за земјоделците. Помеѓу приведените се шефовите на две мафијашки фамилии, нотари, бизнисмени, како и вработени во администрацијата, кои се товарат дека им помагале на земјоделците да имаат пристап до средствата од ЕУ.

Скопје, 15 ајнауари 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад. На средбата, како што соопшти МНР, било изразено заемно задоволство од досегашниот развој на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, при што министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршката од Норвешка за евроатлантската иднина на Северна Македонија и реализацијата на нашата значајна стратешка цел – извесното членство во НАТО.

Атина, 15 јануари 2020 (МИА) – Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира ново Министерство за миграција и азил, а министер ќе биде досегашниот заменик министер за труд, Нотис Митаракис, соопшти денеска портпаролот на владата, Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативен министер ќе биде Јоргос Кумуцакос кој и досега беше надлежен за миграциска политика, но во рамките на Министерството за цивилна заштита.

Њујорк, 15 јануари 2020 (МИА) – Весникот „Њујорк тајмс“ ја мина границата од пет милиони претплатници главно заради новото зголемување на портфолиото на онлајн претплатници, соопшти денеска весникот. Во текот на 2019 година весникот доби дополнителни милион претплатници само за своето интернет издание, што е рекорд на „Њујорк тајмс“, што својата онјалн понуда со наплата ја почна во 2011 година.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Судењето за уривањето на комплексот „Космос“ е одложено за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Новиот состав на судечкиот совет за судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски на самиот почеток се соочи со исти барања од одбраната и обвинителството.

Back to top button
Close
Close