МИА ФлешПакети

МИА Флеш

15 јануари 2020

15 јануари 2020

Њу Делхи, 15 јануари 2020 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ги повикува заливските земји да го разгледаат заедничкиот безбедносен механизам за регионот и истакна дека е време светот да ги отфрли унилатералните мерки, како што се санкциите.

Љубљана, 15 јануари 2020 (МИА) – Центарот „Симон Визентал“ остро протестираше против одлуката на словенечкиот Врховен суд да ја поништи од процедурални причини пресудата со која домобранскиот генерал Леон Рупник беше осуден на смртна казна и егзекутиран во 1946 година.

Вашингтон, 15 јануари 2020 (МИА) – Судењето за отповик на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот најверојатно ќе почне на 21 јануари , соопшти шефот на републиканското сенатско мнозинство, Мич Меконел.
Прелиминарните фази, како што се полагање заклетва на сенаторите пред шефот на Врховниот суд задолжен за надгледување на расправата во Сенатот, може да бидат спроведени уште во текот на оваа недела, им кажа Меконел на новинарите.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Во текот на денов по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност, а во останатите делови и особено на планините ќе преовладува сончево време. Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 6 до 14, а во местата со магла од 0 до 5 степени.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Едно лице, сопатник во возило, загинало во сообраќајна несреќа, две лица, сопатник во возило и велосипедист, се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни несреќи што во текот на изминатиот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Њујорк, 15 јануари 2020 (МИА) – Објавени се нови инсерти од моментот кога две ракети го погодија украинскиот патнички авион над иранската престолнина, при што загинаа 176 лица во авионот. Њујорк тајмс објави видео од безбедносните камери за кое се вели дека го потврдиле неговиот кредибилитет. На него се гледа како во интервал од 30 секунди се испукуваат две ракети.

Анкара, 15 јануари 2020 (МИА) – По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за Википедија во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернетската енциклопедија во Турција, која, патем, трае веќе две години, претставува кршење на слободата на изразување.

Загреб, 15 јануари 2020 (МИА) – „Хјуман рајтс воч“ во својот годишен извештај за состојбата со човековите права нагласува дека, Хрватска и покрај тоа што ги повредила и нелегално враќала мигранти во БиХ и Србија, кршејќи закон за бегалци и права на ЕУ, тие не ги сносат последиците на европските институции.

Вашингтон, 15 јануари (МИА) – Мајкл Флин, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп, поднел документи за повлекување на признанието дека е виновен во истрагата за мешањето на Русија на претседателските избори во САД во 2016 година, тврдејќи дека федералните обвинители го прекршиле договорот со него.

Дамаск, 15 јануари (МИА) – Руски борбени авиони нападнаа неколку градови што ги држат бунтовниците во провинцијата Идлиб во северозападна Сирија за првпат откако стапи во сила прекин на огнот со Турција пред два дена, изјавија за западни медиуми очевидци и бунтовници.

Каиро, 15 јануари (МИА) – Околу илјада мигранти биле вратени во Либија во изминатите две недели, соопшти агенцијата на ОН за миграција. Причината за заминувањто на тие луѓе донекаде може да се објасни со ситуацијата во Триполи каде има големи судири веќе девет месеци, соопшти ИОМ.

 

Back to top button
Close
Close