МИА ФлешПакети

МИА Флеш

14 јануари 2020

14 јануари 2020

Даблин, 14 јануари 2020 (МИА) – Ирската полиција истражува наводно брутално убиство, откако добила дојава дека се пронајдени човечки остатоци во чанта оставена пред куќа во северниот дел на Даблин. Првичните информации покажуваат дека се откриени остатоци од отсечени екстремитети – две раце и нога.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Епидемија на жолтица на територијата на град Скопје е прогласена само во населба „Даме Груев“ во Општината Ѓорче Петров, информираат за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Владата на денешната седница го задолжи Министерството за труд и социјална политика да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени од пожарот во Шуто Оризари на 10 јануари.

Штип, 14 јануари 2020 (МИА) – Општина Штип како организатор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ објави конкурс за избор на уметнички директор. Кирил Панајотов, координатор за фестивалот и советник за јавна дејност во Општина Штип, за МИА вели дека ова е редовна постапка и секоја година објавуваат конкурс за избор на уметнички директор.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – E.С. (32) од Косово вчера пријавила дека околу 14.30 часот две лица физички ја нападнале на паркинг на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Според СВР, напаѓачите од патничкото возило „Шкода Суперб“ на Е.С. со косовски национални ознаки, ѝ одзеле лаптоп.

Мадрид, 14 јануари 2020 (МИА) – Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави денеска дека ќе се обиде да оствари средба со каталонскиот лидер Квим Тора колку е можно поскоро. Санчез додаде дека се уште треба да се одлучи за датумот и времето кога ќе се одржи средбата.

Даблин, 14 јануари 2020 (МИА) – Ирска ќе одржи предвремени парламентарни избори на 8 февруари, објави државната телевизија РТЕ, повикувајќи се на владини извори по седницата на кабинетот. Владата во Даблин соопшти дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна во текот на денот, кога се очекува премиерот Лео Варадкар да побара од претседателот Мајкл Хигинс да го распушти Парламентот.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре“, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close