МИА ФлешПакети

МИА Флеш

14 јануари 2020

14 јануари 2020

Бејрут, 14 јануари 2020 (МИА) – Либански демонстранти ги блокираа денеска патиштата околу главниот град Бејрут, обновувајќи ги протестите против власта, за која тврдат дека не успеала да спречи економско пропаѓање. Демонстрантите гореа автомобилски гуми и ги блокираат трите главни автопати кои водат кон Бејрут – од југ, исток и север. На протестите учествуваат и ученици и студенти, кои маршираа долж автопатите, носејќи либански знамиња.

Анкара, 14 јануари 2020 (МИА) – Турција нема да се воздржи да му „одржи лекција“ на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар доколку продолжи со нападите врз меѓународно признатата Влада во Триполи на Фајез Сараџ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Љубљана, 14 јануари 2020 (МИА) – Партијата ЛМШ на премиерот на Словенија Мајан Шарец ужива најголема доверба кај гласачите. Ова го покажува последното истражување на јавното мислење кое го направи “Дело”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лондон, 14 јануари 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека Владата се уште не се откажала од идејата Биг Бен да се огласи на 31 јануари, на денот кога Велика Британија ја напушта Европската унија.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Престанува вакцинацијата против јазлеста кожа кај говедата и против беснило кај дивите животни. Како што информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, опасноста од јазлеста кожа е помината со оглед дека болеста не е присутна во земјава од 2017 година. Превенцијата ќе продолжи со следење на состојбата, односно со мониторирање на фармите.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Системот за безбедност на храната е функционален. Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење, иако биле пријавени три случаи со 19 лица, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оценувајќи дека ваквите резултати се солидни ако се земе превид дека во 2017 година 21 лице завршиле на болничко лекување, а лани 35.

Белград, 14 јануари 2020 (МИА) – Пратеничката група на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) побара од градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, веднаш да прогласи вонредна состојба заради огромното загадување на воздухот, изјави шефот на пратеничката група и потпретседател на Народната странка (НС), Никола Јовановиќ.

Стразбур, 14 јануари 2020 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Скопје, 14 јануари 2019 (МИА) – Сите постапки на секој член на извршната власт мора јасно да потврдат дека Владата и државата се во сигурни раце, изјави денеска на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, нагласувајќи дека секој политички чин на членовите на владиниот кабинет во сите линии на хиерархијата треба да произлегува од одговорноста со цел сите граѓани да бидат спокојни.

Техеран, 14 јануари 2020 (МИА) – Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран, откако Иран призна дека урнал украински патнички авион.

– Околу 30 лица се уапсени за учество во незаконски протести. Ние толерираме дозволени протести, рече портпаролот на судот Голамхосеин Есмаили.

Стразбур, 14 јануари 2020 (МИА) – Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во Унијата се меѓу главните приоритети на претседавањето на Хрватска со Унијата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во обраќањето пред Европскиот парламент.

Анкара, 14 јануари 2020 (МИА) – Преговорите иницирани од Германија за решавање на конфликтот во Либија ќе бидат бесмислени доколку командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар не го измени својот став, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Се зголемува будноста за следење на африканската свинска чума откако вчера се отвори уште едно жариште во Србија, кај Пирот, а пред една недела болеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. Во земјава африканска чума нема, но во сила остануваат веќе донесените мерки и забрани, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Back to top button
Close
Close