МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 јануари 2020

13 јануари 2020

Велес,13 јануари 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и неговиот домаќин Аце Коцевски денеска на средба во Велес направија увид на терен во изведба на градежните работи на замена на старите со нови водоводни и канализациони цевки. Проектите, во вредност од 625 илјади евра, се изработени од општината, а финансирани од Министерството за транспорт и врски.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Почетокот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која пратениците треба да расправаат за потребата за носење на законот за поништување на лустрацијата, денеска е одложен по втор пат. Овој пат за еден час и тоа поради немање кворум, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата каде требаше да се одржи седницата, туку во собранискиот хол.

Мадрид, 13 јануари 2020 (МИА) – Дваесет и двајца министри во новата шпанска Влада на Педро Санчез положија денеска заклетва на церемонија на која присуствуваше и шпанскиот крал Филип Шести.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Велес – Катланово и на планинскиот превој Ѓавато, а до 50 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово, соопшти ЈП Македонијапат.

Багдад, 13 јануари 2020 (МИА) – Ирачкиот амбасадор во Иран, Саад Џавед Кандил откри денеска дека Багдад преговара со Русија за купување на ракетниот систем С-300, со што се потврдени претходните најави.

Пекинг, 13 јануари 2020 (МИА) – Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка во 2019 година достигнаа најниско ниво во последните десет години, покажуваат резултатите од анализата на компанијата Бекер МекКензи во партнерство со водечкиот истражувач Родиум Груп.

Приштина, 13 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори, побара од претседателот на државата Хашим Тачи да не му врши притисок со барањата да го определи мандатарот за формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Париз, 13 јануари 2020 (МИА) Соочен со локалниот недостаток на свештеници во Амазонија, еден синод предложи да се ракополагаат женети мажи, папата Франциско ќе треба да донесе одлука за ова многу чувствително прашање во наредните недели, со оглед дека католичките свештеници немаат право да бидат во брак, јавува дописникот на МИА.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close