МИА ФлешПакети

МИА Флеш

8 јануари 2020

8 јануари 2020

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ е во рацете на Судскиот совет кој треба да одлучува дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет или нејзиниот мандат е завршен и ќе треба да почнат од почеток.

Техеран, 8 јануари 2020 (МИА) – Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за ирански ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак.

– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија, дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана, соопшти Иранската национална гарда.

Токио, 8 јануари 2020 (МИА) – Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, инаку стручњак за суши и познат како кралот на туната, плати 1,5 милион евра за џиновска туна на новогодишна аукција во Токио. Кимура, меѓу другото, е сопственик на синџирот ресторани „Суши Занмај“. Рибата вредна 193 милиони јени е, всушност, црвена туна уловена во северна Јапонија.

Куманово, 8 јануари 2020 (МИА) – Уметникот Страхил Петровски со мултидисциплинарниот проект „ACTION / REACTION / WOR(L)D” се претстави во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк, со поддршка од Министерството за култура. Изложбата претставува повеќе целини во кои преку фотографии, зборови, текстови аплицирани на редимејд-објекти, платна – знамиња, испишани пораки, графити, текстуални инскрипции, калиграфски знаци, букви, видеозаписи, авторот ги пренесува разговорите што се однесуваат на егзистенцијалните прашања со себе и другите…

Техеран, 8 јануари 2020 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска го погоди јужен Иран, во близина на нуклеарна централа. Земјотресот е регистриран на 10 километри југоисточно од Боразџан, соопшти американскиот геолошки институт.

Вашингтон, 8 јануари 2020 (МИА) – Американската федерална администрација за авијација (ФАА) им забрани на американските авио-превозници да летаат во воздушниот простор на Ирак, Иран, Оманскиот залив и водите меѓу Иран и Саудиска Арабија, по ракетниот напад ноќеска во две бази со американски војници во Ирак.

Истанбул, 8 јануари 2020 (МИА) – Со свечена церемонија денеска во Истанбул ќе биде отворен гасоводот „Турски тек“, кој ќе го транспортира рускиот гас во Турција и преку Турција во Европа, јави агенцијата Анадолија.

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Во цела држава изутрина во седум часот се регистрирани минусни температури, а најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени, по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје-Петровец – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран, Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пустец, 8 јануари 2020 (МИА) – Македонците во Албанија, каде и да живеат, достоинствено, како што и му доликува, го одбележуваат Христовото раѓање – Божик. Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови, а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црвите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се роди.

Багдад, 8 јануари 2020 (МИА) – Иран испука балистички ракети на две бази во Ирак со американски војници, а Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, посочи дека нападите врз базите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата. Пич, кој е претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, денеска ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе биде информиран за плановите и процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата.

Техеран, 8 јануари 2020 (МИА) – Украински авион „Боинг 737“ со 176 лица се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите патници и членови на екипажот.

– Авионот полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина кога еден од моторите се запалил, изјави портпаролот на иранската служба за транспорт, Касем Биниаз.

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Стабилна безбедносна состојба, без инциденти и нарушувања од поширок размер, криминалитетот е намален, а довербата на граѓаните во полицијата значително расте, е генералната оценка за изминатата 2019 година согласно прегледот на резултатите од анализите направени од страна на МВР. Со овие резултати екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, замина од МВР на местото премиер на техничката влада.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close