МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 јануари 2020

3 јануари 2020

Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

Техеран, 3 јануари 2020 (МИА) – Фотографии и видеа се објавени на социјални медиуми на кои е прикажана наводното место на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.

Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Во следните сто дена, почнувајќи од утре Република Северна Македонија ќе ја предводи техничка влада, која ќе треба да ги организира предвремените парламентарни избори, предвидени за 12 април, според договорот на најголемите политички партии во земјата. Собранието денеска до полноќ се очекува да ја избере новата преодна влада, чиј премиер ќе биде Оливер Спасовски.

Багдад, 3 јануари 2020 (МИА) – Американскиот Конгрес не бил известен и не овластил за напад на американските трупи против командантот на специјалните сили „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда, генерал Касем Сулејмани, јави телевизискиот канал Фокс Њуз.

Пекинг, 3 јануари 2020 (МИА) – По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејман во американскиот напад во Ирак, Кина денеска соопшти дека доследно се спротивставува на употребата на сила во меѓународните односи и сите инволвирани страни ги повика на воздржаност.

Белград, 3 јануари 2020 (МИА) – Навивачите на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда синоќа пред амбасадата на Црна Гора во Белград го палеа црногорското знаме. Откако илјадници „делии“ ја отпеаа српската химна „Боже правде“ следеше обид за палење на црногорското знаме со огномет.

Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Утрово во земјава најстудено било во Берово со измерени – 10 степени целзиусови, и Маврово и Скопје – Петровец, со измерени – 8 степени, а најтоплло во Дојран каде биле измерени 2 степени над нулата.

Канбера, 3 јануари 2020 (МИА) – Разорните пожари и огромни количини чад во Австралија регистрирани се и од сателитите на илјадници километри над Земјата. Причината за пожарите во кои досега загинаа 20 луѓе се високите температури и силниот ветер, а експертите веруваат дека тоа се должи на климатските промени предизвикани од човековото однесување, а пред се од неконтролираната емисија на штетни гасови.

Багдад, 3 јануари 2020 (МИА) – Американската Амбасада во Багдад ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак. Објавата на Амбасадата е по денешниот напад на американски сили врз аеродромот во Багдад во кој загина и ирански генерал.

Коломбо, 3 јануари 2020 (МИА) – Ловец на воено-воздухопловните сили на Шри Ланка денеска се урна во централниот дел на земјата, при што загинаа сите четири лица во него, соопштија властите, пренесе ДПА.

 

 

Back to top button
Close
Close