МИА ФлешПакети

МИА Флеш

2 јануари 2020

2 јануари 2020

Атина, 2 јануари 2020 (МИА) – Во присуство на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кипарскиот претседател, Никос Анастасиадис и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министрите за животна средина и енергија на Грција, Кипар и Израел попладнево во Атина ќе го потпишат договорот меѓу трите земји за изградба на гасоводот EastMed, јави дописничката на МИА од Атина.

Виена, 2 јануари 2020 (МИА) – Австријците, 25 години од влегувањето во ЕУ, со големо мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ, покажа студија на Австриското друштво за европска политика (OeGfE). Вкупно 75 проценти се за Австрија да остане во ЕУ, а само осум проценти се за повлекување.

Лондон, 2 јануари 2020 (МИА) – Според официјалните податоци, членовите на кралското семејство работеле во просек 84,5 дена оваа година, или околу една третина од 253 вообичаени работни денови во Велика Британија.

Хонг Конг, 2 јануари 2020 (МИА) – Околу 400 лица се приведени на новогодишните протести во Хонг Конг откако мирен демократски марш на десетици илјади прерасна во хаотични судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Tajpej, 2 јануари 2020 (МИА) – Командантот на генералниот штаб на Тајван, генералот на воздухопловните сили, Шен Jи Минг, загина кога хеликоптер со 12 други лица принудно слетал денеска во планинска област околу главниот град.

Скопје, 2 јануари 2020 (МИА) – Американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс во своето прво новогодишно обраќање истакнува дека земјава минатата година ја завршила подготвена да ја реализира долгогодишната аспирација да стане членка на НАТО, дека се продлабочуваат односите со САД, а оти можностите за регионална интеграција се светли. Се зајакнува, вели, економијата на земјата, која, исто така, продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење. Но сепак, потенцира Бернс, остануваат уште многу работа и многу предизвици, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.

 

 

Back to top button
Close
Close