Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Земјотрес со епицентар во соседна Грција синоќа во 23:31 часот е почувствуван во земјава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска се закажани завршни зборови на обвинителството за случајот „Тортура“, кој се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Софија, 12 мај 2021 (МИА) – Специјалниот пратеник на Владата на Севена Македонија за Бугарија Владо Бучковски во интервју за емисијата за меѓународна политика  „Светот и ние“ на БНТ  рече дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настани од Втората светска војна и односите со Југославија.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија,  според Бучковски, тоа може да се види во инфраструктурата помеѓу двете држави.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна посета на државава, при што ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Како што најави Министерството за надворешни работи, донацијата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе ја преземат министрите за надворешни работи Бујар Османи и за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Во Собранието на Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на двете комисии се Предлог-измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Презентација на  Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

Извештајот, како што информираат организаторите, го следи напредокот на реформите во работата на правосудниот систем во пет области: ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, независност и непристрасност и професионален развој и соодветна застапеност.

Скопје, 12 мај 2021 (МИА) – Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Софија, 12 мај 2021 (МИА) – Во својот говор при претставувањето на составот на привремената влада на Бугарија, претседателот Румен Радев рече дека иако е техничка, кабинетот што го назначува има амбиција за демократско единство.

– Владата вклучува луѓе од левицата, од центарот и од десницата, политички неутрални, слободни претприемачи, изразувачи на јавно незадоволство, академици, рече Радев на претставувањето на привремената влада, која ќе биде предводен од премиерот генерал Стефан Јанев.

Брисел, 11 мај 2021 (МИА)ЕУ досега извезе околу 200 милиони дози вакцини, потврди потпретседателот на Европската комисија, Марош Сефковик.

„Отворени сме за разговори и предлози за нова солидарност, но наш приоритет е да го зголемиме производството на вакцини во ЕУ, но и да видиме дека другите не го блокираат извозот на своите вакцини и компоненти за нивно производство“, напиша Сефковик на неговиот профил на Твитер.

Техеран, 12 мај 2021 (МИА) – Иран збогати ураниум до чистота од 63 проценти во својата надземна локација во Натанц – ниво што ги надминува претходно најавените 60 проценти чистота, се посочува во извештајот на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во документот се зборува за различно ниво на збогатување без да каже зошто се случило тоа.

Тел Авив, 12 мај 2021 (МИА) – Најмалку 35 Палестинци, меѓу кои и 10 деца, како и петмина Израелци загинаа во новите судири меѓу Израел и Палестинците, соопштија здравствените власти, пренесува Би Би Си.

Од рано изутрина се слушаат сирени во Тел Авив, а одекнаа и неколку експлозии.

Back to top button
Close
Close