Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Во последниот квартал минатата година бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1 862 138. Регистрирани се 248 348 деловни постпеид претлатници, а од резиденцијалните 738 956 се при пеид, а 874 834 пост пеид. Вкупно бил реализиран сообраќај од 1.589.901.314 минути, од кои 2.788.020 кон мрежи во странски држави. Остварени се 829.783 минути сообраќај од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата, покажуват податоците на Агенцијата за електронски комуникации.

Во вкупниот број активни претплатници по тој основ во четвртиот квартал во 2020 година најголем удел има А1 Македонија со 49,76 проценти пред Македонски телеком којшто бележи 47,12 проценти. Лајка Мобајл има удел од 1,99 проценти, Роби од 1,12 проценти, а Греен мобиле од 0,01 процент.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации, по што ќе следува потпишување на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузијаи заедничка прес-конференција.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, вчера починала 33-годишна пациентка.

На социјалните мрежи се споделуваа информации дека на пациентката и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.

-Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем, изјави Шахпаска.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – На што се заснова оваа пресуда – на докази или индиции, дали имаме фер постапка и дали може ваква пресуда да се заснова само на исказ на двајца сведоци Орце и Ана Камчева. Нема никакво вештачење на електронски уред за овој случај, а особено мобилниот на Јовановски, наведе адвокатот Сашко Дуковски, образложувајќи ја жалбата на Бојан Јовановски пред Апелациониот суд.

Поради суштествени повреди и погрешно утврдена материјална и фактичка состојба, одбраната бара првостепената пресуда за случајот „Рекет“ да биде укината или случајот да биде вратен на повторно судење.

Белград, 10 мај 2021 (МИА) – Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓерлек изјави дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекува нормализирање на животот, вклучително и одржувањето на свадби. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ оцени дека е тешко да се каже дали од јуни може да се организираат прослави и дека треба да се почека 7-10 дена, што е износот на периодот на инкубацијата од празниците, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓерлек на ТВ Пинк, кажа дека заштитните маски ќе мора да се носат најмалку уште три до шест месеци, поради луѓето кои не можат да примаат вакцини од здравствени причини и дека ако до крајот на јуни има три милиони ревакцинирани, од јули има надеж за нормализирање на животот, вклучително и на одржувањето свадби.

Софија, 10 мај 2021 (МИА) – Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека војска и воена опрема од Здружените сили на НАТО ќе поминат низ територијата на земјата со многу висок степен на готовност за да учествуваат во вежбата „Цврст бранител – 21“ („Steadfast Defender – 21).

Според дописникот на МИА од Софија, повеќе од 400 војници, борбена и помошна опрема од Здружените сили на НАТО со многу висок степен на готвност од денеска ќе бидат преместенувани од Турција и Албанија во Романија, минувајќи низ Бугарија за да се приклучат на вежбите на Алијансата „Цврст бранител – 21“ и „Благороден скок – 21“ (Noble Jump – 21). Тие ќе бидат придружувани од Воената полициска служба, а за оваа цел граничните пунктови на Бугарија со Турција, Србија и Романија се подготвени за преминувањето на воена опрема и единици на НАТО кон Романија.

Атина, 10 мај 2021 (МИА) – Со задолжителна потврда со негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно т.н. селф тест, како и со задолжителна употреба на маски, сите ученици од основните и средните училишта во Грција, од денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина.

Минатиот месец беа отворени само повисоките класови од средните училишта, додека пак денеска, започнува редовната настава и за останатите ученици, по паузата поради рестрикциите и карантинот во земјата.

Осло, 10 мај 2021 (МИА) – Вакцините против Ковид-19 на британско-шведската компанија Астра Зенека и Џансен на американската компанија Џонсон и Џонсон не треба да се користат во норвешката програма за вакцинирање.

Таква препорака денеска даде владина група експерти за вирусни векторски вакцини, јави телевизијата НРК.

Вашингтон, 10 мај 2021 (МИА) – САД размислуваат за распоредување на своите војници повлечени од Авганистан во земјите од Централна Азија, особено Узбекистан и Таџикистан, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на сопствени извори.

Според нив, по повлекувањето на војниците од Авганистан, Вашингтон размислува да ги распореди во други земји, како „поддршка на авганистанската Влада, контрола на активностите на талибанските бунтовници и следење на други екстремисти“.

Рим, 10 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло може наскоро да добие отказ, пренесува „Ла Стампа“.

Според италијанскиот весник, управата на торинскиот клуб размислува за разделба со Пирло поради незадоволителните резултати на тимот оваа сезона.

Скопје, 10 мај 2021 (МИА) – По четири квалификациски и еден финален турнир, премиерното издание на зимска 3х3 лига доби и свој шампион. Екипата на „Dust Caffe“, која беше најуспешна на три од четири квалификациски турнири, се закити со златниот медал на финалниот турнир одржан во Скопје во салата СРЦ „Кале“.

Христијан Ристов, Милорад Миновски, Небојша Килијан и Марко Дујковиќ беа подобри од тимот во состав: Борче Митревски, Мартин Ристевски, Никола Талевски и Владимир Враниќ, во рамки на финалниот натпревар кој заврши со резултат 21:10.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close