Битола, 7 мај 2021 (МИА)Министерството за култура соопшти дека Ислахането во Битола, објект од периодот 1894 – 1899 година, е ставено под заштита со акт што го донесе Управата за заштита на културното наследство по предлог на НУ Завод и музеј – Битола.

Ислахането е дел од старите турски училишта и академии во Битола, каде што професори биле познатиот Тефик-беј и Данали-ефенди со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести-беј.

Талин, 7 мај 2021 (МИА) – Естонското искуство и перспектива од интегративниот процес е многу важно, гледајќи ја трансформацијата што го овозможи процесот и членството во ЕУ. Токму ова искуство, пренесено низ зајакната билатерална соработка во различните сфери може многу да ѝ користи на Северна Македонија на најзиниот пат кон европеизација, порача денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров по средбата со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент во Талин.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предложените измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, во прво читање, со кои се пролонгира за пет години примената на овој закон, како и Предлог законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, а кој пак овозможува легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година.

Законот за постапување со бесправно изградени објекти, беше во сила десет години, односно до март годинава, а со измените, според Министерството за транспорт и врски, ќе им се овозможи на општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација, на дивоградби изградени до март 2011 година. Новиот предлог закон за легализација на дивоградби, пак, овозможува легализирање на вакви објекти изградени до октомври 2019, со одредени исклучоци, но и со плаќање дополнителни 50 проценти од износот на комуналиите.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – За проектот за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров треба да покажеме капацитет за консензус, да ги размениме мислењата, да дадеме соодветни предлози заради тоа што сите ние имаме одговорност пред граѓаните, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче на која укажа на процесот на подготвката на законот за изградба на новиот Клинички центар и потсети на постапките кои се спроведувани во изминатите повеќе од две, три години.

Посочи дека премиерот има иницијатива во втората половина на месецов да направи јавна презентација на целокупниот процес досега за сите чинители, не само за пратеници, здруженија на архитекти, лекари, екологисти итн. и повторно секој да даде свое мислење, своја перспектива на гледање на работите.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Во Вила Водно започна средбата помеѓу претседателот, Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според најавите од партијата, на средбата ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше воведно обраќање на состанокот на проектните партнери и претставниците од министерствата за надворешни работи на земјите на Западен Балкан и Вишеградската група во рамките на проектот, „Тинк Балкан“ (Think Balkan).

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи се осврна на првите резултати од работата на инструментот преку кој „тинк-тенк“ организациите ја насочуваат својата експертиза кон прашања и теми од заеднички интерес за регионот, а со тоа даваат дополнителен импулс во регионалната соработка.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека  сите работи се кажани и објавени јавно. Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за набавка и наскоро во соодветна процедура тие ќе се декласифицираат.

Тетово, 7 мај 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“ истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато. 

Се што стои по меѓународното право ќе преземемe и не се откажуваме. Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато, рече премиерот Заев на новинарско прашање во ТИРЗ Тетово каде присуствуваше на поставување камен темелник на нова фабрика. 

Атина, 7 мај 2021 (МИА) – Не смееме да дозволиме Западен Балкан да остане црна дупка во центарот на Европа, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на неговото онлајн учество на панел дискусија на Форумот за иднината на ЕУ-САД, организиран од во рамките на Атлантскиот совет, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашање за ЕУ перспектива на Западен Балкан, шефот на грчката дипломатија вели дека земјите од регионот имаат проблеми, но Грција може да им презентира „ноу хау“ што би им помогнало на европскиот пат.

Тирана, 7 мај 2021 (МИА) – Албанскиот парламент на денешната пленарна седница го прифати барањето на парламентарната законодавна комисија за формирање анкетна комисија за разрешување  на претседателот Илир Мета, јави дописничката на МИА од Тирана.
„За“ гласаа 97 пратеници и од власта и од опозицијата,  против беа шест, а еден пратеник беше воздржан.
Претседател на деветчлената комисијата е Алкет Хисени, потпретседател Мислим Муризи, додека секретар Клотилда Бушка.

Германија, 7 мај 2021 (МИА)Германскиот комитет за вакцини СТИКО ќе ја предложи вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ за лица постари од 60 години, објави денеска Шпигл.

Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни лица во САД кои примија единечна доза.

Виена, 7 мај 2021 (МИА)Австриската Влада очекува дека две третини од возрасните граѓани ќе ја примат вакцината, што е пет милиони луѓе.

Според канцеларот Себастијан Курц, ова ќе придонесе за значително подобрување на ситуацијата.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Компанијата Пивара Скопје постигна договор  со Фудбалската федерација на Македонија за поддршка на репрезентацијата на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ искажа задоволство од партнерството со ФФМ.

Back to top button
Close
Close