МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 мај 2021

7 мај 2021 

Талин – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, таботната посета на Естонија, ја почна изутрината во Талин со средба со министерката за надворешни работи Ева-Мариа Лииметс. 

Димитров и Лииметс разговараа за клучните аспекти од европското досие на Северна Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на евроинтегративниот пат, за што Естонија конзистентно изразува поддршка, соопшти СЕП. 

Скопје – Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“. 

-Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење на правото. Нашиот заеднички пристап кон справувањето со сите сегашни и идни безбедносни предизвици е можеби најголемата предност од членството во најмоќната воено-политичка Алијанса во историјата, рече министерката Шекеринска и додаде дека денеска Северна Македонија од корисник прерасна во придонесувач кон глобалниот мир и безбедност, со свој глас во обликувањето на безбедносната агенда на Алијансата. 

Скопје – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 на Централно европските држави во која влегуваат: на Австрија, Георг Вуцас, на Словенија, Милан Предан, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Дукс. 

Како што соопшти МНР, предмет на разговор беа тековните теми со ЕУ предзнак, претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе послужат како подготовка за состаноците во јуни. Исто така, се додава, се отвори темата и за процесот на имунизација како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци. 

Скопје – Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. 

Договорите за двата проекта се неодамна потпишани. Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е во вредност од 25 милиони евра, а проектот за унапредување на основното образование е вреден 21,5 милиони евра. 

Скопје – Германија и Словачка се залагаат С Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, објавија на Твитер германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок. 

– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача. Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел би можел да ги почне пристапните преговори со Тирана, ако Скопје и Софија не изнајдат заеднички прифатливо решение за историскиот спор. 

Скопје– Свесни дека само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во сите сфери на работењето, раководството на Министерството за внатрешни работи се заложи за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. 

Според Спасовски, она што беше визија пред три и пол години, денеска е реалност. 

Скопје – Под мото: Незапирливи македонскиот Црвен крст ќе се приклучи на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а ќе ја со повеќе активности ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на РМ од 8 до 15 мај. 

-Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8 Мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и организираат најразлични активности за привлекување на нови членови и волонтери во Движењето и оддавање признание и благодарност до нашите партнери за поддршката која ја обезбедуваат на Црвениот крст/Црвена полумесечина, се вели во соопшението од Црвениот крст. 

Скопје – Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. 

Договорите за двата проекта се неодамна потпишани. Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е во вредност од 25 милиони евра, а проектот за унапредување на основното образование е вреден 21,5 милиони евра. 

Скопје – Јавниот повик за субвенции за велосипеди е затворен, поради големата заинтересираност и исполнување на предвидените средства. На јавниот повик аплицирале вкупно 3 057 граѓани, со што се исцрпени предвидените финасиски средства, информира Град Скопје. 

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипед беа предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите години доделени се над десет илјади субвенции за граѓаните кои купија велосипед. 

Скопје – Полициски службеници од Полициската станица Кичево синоќа ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. 

Како што соопштија од МВР, при вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник. 

Скопје – Здруженито за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ денеска  преку соопштение информира дека со посебна загриженост и вчудовиденост ја примиле најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако С Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања. 

– Советот на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот, се посочува во соопштението. 

Скопје – Основниот кривичен суд во Скопје изрече казна затвор од една година и седум месеци на уште еден од вработените во МВР за издавање на пасоши во случајот „Двојник“, кој призна вина на денешното рочиште. 

Обвинетиот Шемседин Јашари е петтиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откака на минатото рочиште вина признаа четворица негови колеги и еден „поттикнувач”. 

Скопје – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците , 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам. 

Скопје – Иако пристапот  до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното образование во вредност од 21,5 милиони евра преку СБ. 

Според индексот на Светска банка за човечки капитал за 2020 година, како што наведе Паолучи, децата родени денес во Македонија ќе бидат 56 проценти продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и здравство. 

Скопје – Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека претстојниов викенд, 8 и 9 мај, автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, а билетарниците ќе работат вообичаено. Од ЈСП Скопје потсетуваат дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“. 

Исто така, и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела. 

Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и „Семос Едукација“ почнуваат проект со кој околу 1000 млади луѓе од државава ќе имаат можност преку бесплатни обуки да научат како да ја применуваат вештачката интелегација во секојдневното живеење и работење. 

Рокот за пријавување е од денес од 18 мај, а обуките почнуваат од 20 мај и планирано е да траат до јуни. Може да се пријават млади од 17 до 29 години, но и сите останати кои имаат интерес да научат повеќе за вештачката интелегенција. Обуките ќе бидат насочени кон запознавање со основите на вештачката интелегенција од аспект на бизнисот и услугите во „Мајкрософт Азур“. 

Скопје – Градот Скопје во соработка со „Скопје Лаб“ одбра четири микро локации каде што квалитетно ќе се менува средината, со помош на интересот на граѓаните и спроведени анкети. Просторот пред  Поликлиниката „Млин Балкан“ е третата локација, што сега е едно пријатно катче каде очекувам граѓаните на Скопје да го употребуваат согласно своите потреби, затоа што е направено по нивно барање. За просторот од 600 метри квадратни, инвестицијата од Буџетот на Град Скопје изнесува 2,6 милиони денари, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција. 

– Ја најавувам и големата реконструкција на улицата „Теодосиј Гологанов“, од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до Католичката црква. Постапката е веќе започната и очекувам дека во текот на летниот период ќе дојде до целосно средување, по новите стандарди што ги воведуваме со велосипедски патеки, ново зеленило, обновување на тротоарите и коловозот, додаде Шилегов. 

Скопје – Нина Ангеловска, е избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ за 2021-2022 година од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. 

Како што соопшти Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија – АЕТМ, ова е второ прогласување на Ангелосвка за „жена-амбасадор за е-трговија”. Прв пат беше избрана за време на 74. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во септември 2019 година, во Њујорк. 

Белград – Србија сака да има добри и коректни односи со сите во регионот, а постапките и изјавите од Хрватска не се израз на почит кон Србија, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ по повод најавата на Хрватска дека ќе формира воен камп на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. 

-Зошто на некој му е потребно да се фали и да учествува на таков начин. Тие можеа да го одбијат КФОР, но намерно донесоа таква одлука, дополнително да ја понижат Србија. Ја примивме пораката и разбравме, изјави Вучиќ денеска во Обреновац по повод најавата на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман дека неговата земја ќе формира воен камп на Косово. 

Приштина – Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет изјави дека ниту САД ниту нивните европски партнери немаат интерес да промовираат каква било размена на територии на Западен Балкан. 

– Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјави Коснет за РТК2, коментирајќи го објавувањето на нон-пејперот за промени на Западен Балкан, пренесува РТЦГ. 

Тирана – Јавниот долг на Албанија е видно зголемен во првото тромесечие од годинава, во екот на изборната кампања, оценува весникот “Монитор”. 

Повикувајќи се на официјални податоци на Министерството за финансии во извештајниот период јавниот долг се зголемил за 45,7 милијарди леки или околу 372 милиони евра. 

Лондон – Повеќе од 100 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна на десеттиот кат на облакодер во источниот дел на Лондон, пренесуваат локалните медиуми. 

Лондонските пожарникари на местото на настанот пристигнаа со 20 противпожарни возила. 

Вашингтон – САД испратија дополнителни сили кои ќе ги штитат американските и коалициските сили за време на повлекувањето на трупите од Авганистан. 

Тешки бомбардери и ловци ќе бидат со трупите што ќе се повлечат од Авганистан, а меѓу нив ќе бидат и цивилни изведувачи, пренесува Би-Би-Си. 

Скопје – Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги одреди и официјалните лица кои ќе се грижат за регуларност на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“. 

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кој стартува денес, од 14 часот, ќе го судат Митев, Данев и Стоева, додека во улога на делегат ќе биде Бошков. 

Рим – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани постигна два гола синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Рома (2:3). Во првиот натпревар (6:2) 34-годишниот Уругваец исто така двапати го погоди голот на римјаните. 

Кавани стана првиот фудбалер во последните 35 години кој постигнал два гола во секое од двете полуфиналиња на едно европско натпреварување. 

Мадрид – Петтиот светски рекет Стефанос Циципас вчеравечер во третото коло на Мастерсот во Мадрид загуби од Каспер Руд – 6:7, 4:6. Гркот загуби за прв пат оваа сезона пред четвртфиналето. 

Претходно, тој стигна до четвртфиналето во Марсеј и Мајами, полуфиналето на Австралија опен и Ротердам, до финалето во Акапулко и Барселона, а исто така го освои Мастерсот во Монте Карло. 

Минхен– Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски може да ги смени клубовите во текот на летниот преоден рок. Според „ЕСПН“, повикувајќи се на свои извори, Челзи и Манчестер Сити го сакаат во своите редови 32-годишниот напаѓач. За Баерн да се согласи да ги започне преговорите за трансфер на Полјакот, финалистите од Лигата на шампионите мора да понудат најмалку 60 милиони евра. 

Интерес за напаѓачот покажува и ПСЖ, но сите постапки на парижаните на трансфер пазарот зависат од иднината на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе. 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close