Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Националната опера и балет традиционално во мај го организира меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот нема да се одржи, но во негово одбележување, Националната опера и балет ќе одржи серијал на концерти насловени „Мајски концерти“.

-Настаните ќе се емитуваат онлајн на ЈуТјуб каналот на Националната опера и балет, а дел од нив и на Телевизија 24, како и со надеж дел од настаните да се одржат со присуство на публика, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, информира Националната опера и балет.

Македонска Каменица, 6 мај 2021 (МИА) –  Новиот циклус бесплатни обуки во Рудник Саса започна денеска, во чии рамки 11 млади лица ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството. Обуката како што информираа од Рудник Саса ќе трае три месеци, ќе се одвива со физичко присуство и со почитување на сите безбедносни протоколи и превентивни мерки за заштита од Ковид-19.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Ние немаме деловен однос со скопската фирма преку која е набавена противпожарната скала „Армор плус“. Градските пари не се прелеваат на сметката на „Армор плус“, и оттука не постои конфликт на интереси, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. 

Тој на брифингот со новинари во врска со набавката на противпожарната скала, посочи дека фирмата „Армор плус“ има добиено само два договора за противпожарната опрема, од вкупно 20 постапки и јавни набавки за потребите на Противпожарната бригада, во последните три години. 

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Собранието денеска ја заврши расправата за неколку закони од 29. и 30. седница, а гласањето за нив ќе биде закажано дополнително.

Во рамки на 30. седница се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за животна средина, во прво читање. Заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска објасни дека со овие измени се пропишуваа одредби со кои се дефинираат контаминирани подрачја, како и воспоставување на правен основ за донесување на методологија за идентификување на контаминирани подрачја, односно воспоставување на одредби со кои се уредува постапувањето со контаминирани подрачја, усогласување на статусот на експертите за оцена на влијание на проектот врз животната средина и експерт за стратегиска оцена на животната средина, доуредување на практичниот дел од испитот за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење, доуредување на делот за финансирање во животната средина и усогласување на прекршочната политика и одредбите за инспекциски надзор со новите прописи од соодветната област.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Синдикатот на полицијата во Македонија на 8 мај ќе одржи протест под паролата „За ред, за правда, за дисциплина“, поради, како што наведуваат, притисокот кон полицијата, незаконски распределувања, недоволен број на униформи.

– Имаме колективен договор, што четири години е со поминат рок на траење, договор со кој вработените немаат никакви права и правата што се во договорот не се почитуваат, изјави денеска претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија, Орце Коцевски на прес-конференција пред канцелариите на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Милан Живковиќ, советник на премиерот, за труд и социјална политика, денеска имаа средба со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери (СЗПМ), претседателката Станка Трајкова, придружувана од потпретседателот и секретарот на Извршниот одбор Ментор Ќоку и Менка Темелковска.

На средбата се разговараше за актуелната состојба и перспективите на пензионерите и возрасните лица, како многу значајна група на граѓани во општеството, при што беше истакнато дека Владата сериозно пристапува за што подобро совладување на актуелните предизвици кои се појавија во здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од КОВИД-19.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Министерството за образование и наука денеска соопшти дека се исплатени ученичките и студенските стипендии за мај годинава.

– Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, веќе ги добија средствата на своите сметки, информира МОН.

Белград, 6 мај 2021 (МИА) – Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста и го поддржаа понатамошниот напредок во регионалната соработка, особено преку Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Во заедничката изјава, министрите го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели во заедничкото соопштение од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Атина, 6 мај 2021 (МИА) – Ако се земат предвид текот на вакцинацијата, оние кои се веќе вакцинирани и граѓаните кои веќе прележале и развиле одбранбен систем, односно антитела, во текот на летото ќе имаме постигнато имунитет, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, објасни дека до крајот на мај ќе се отвори платформата за закажување термин за имунизација и за други возрасти, но и дека ќе се постигне имунитет за старосните групи кои веќе се вакцинираат.

Брисел, 6 мај 2021 (МИА) – Европската Комисија денеска порача дека Брисел не е затворен за диксусија за американскиот предлог за укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините, но го смета само за едно од можните решенија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На редовниот брифинг за новинари во Брисел, портпаролката Дана Спинант рече дека Европската Комисија била запознаена претходно со иницијативата на американската администрација да се укинат патентите за вакцините против Ковид-19, но за сега во Брисел ставот не е усогласен и се изразува само подготвеност за дискусија.

Париз, 6 мај 2021 (МИА)Франција одлучи да ја прошири кампањата за вакцинација на лица на возраст од 16 до 17 години, кои можат да се соочат со висок ризик од сериозни болести предизвикани од коронавирусот, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Министерството наведува дека од денеска на оваа категорија лица ќе им биде дозволено да примаат вакцина на „Фајзер/Бионтек“.

Москва, 6 мај 2021 (МИА)Засега нема нови информации за организирање можна средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави агенцијата ТАСС.

Не. Сè уште нема што да се каже за можна средба, рече Песков.

Портланд, 6 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард го прогласи Кевин Дурант за најдобар играч во современата НБА-лига.

– Здравиот Дурант и Леброн се на слично ниво. Кога нема повреди, Дурант е најдобриот играч во НБА. Никој не може да го чува. Има извонреден шут за три поени, дриблинг, контри, во пост. За само неколку секунди може да организира напад, не можете да го блокирате неговиот удар, изјави Лилард.

Back to top button
Close
Close