Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројца и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР за злоупотреба на службената положба, за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.

Судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за поттикнување на петтообвинетиот, кој призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно ќе работиме со Организацијата на работодавачи, синдикатите, коморите и другите асоцијации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ја следиме состојбата со пандемијата и со економската криза во текстилниот и кожарскиот сектор и во сите други сектори. Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка, рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Аријанит Хоџа.

Струга, 5 мај 2021 (МИА) – Под строги здравствени протоколи за заштита на населнеито од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и толпата верници в петок низ струшките улици ќе се одржи познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот.

Организаторите апелираат до верниците, доколку сакаат се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите или тротоарите со почитување на здравствените протоколи.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – На вчерашната седница немаше кадровски прашања и не е именуван директор на Државниот пазарен инспекторат, на следната седница се очекува да биде именуван, изјави денеска заменик – претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Николовски дополни дека воопшто не е дискутирано за кого станува збор и не се знае кој ќе биде именуван.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Најголеми климатски промени во државава се забележани во последниве 10 години, најзасегнати земјоделците и стопанствениците. Ова беше заклучено на денешната дискусија „Возможно е“ во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени.

На дебатата присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој изјави дека клучна е заштитата на шумите бидејќи тие се белите дробови на државава.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Најголеми климатски промени во државава се забележани во последниве 10 години, најзасегнати земјоделците и стопанствениците. Ова беше заклучено на денешната дискусија „Возможно е“ во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени.

На дебатата присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој изјави дека клучна е заштитата на шумите бидејќи тие се белите дробови на државава.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Културно-информативниот центар – Скопје денеска организираше трибина на тема „Блаже Конески денес“, по повод сто години од неговото раѓање. На трибината, говорниците дискутираа за неговото творештво, односно што претставува неговото творештво денес во однос на македонсктата општествена, културно-просветна и научна стварност, како стимул и корпус.

Директорката на КИЦ, Сермине Пурини истакна дека Конески, претставува најзначајната фигура на 20 век, правејќи ги најголемите чекори за македонскиот литературен јазик.

Барселона, 5 мај 2021 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси може да биде казнет за кршење на мерките за коронавирус, објави денешното издание на шпански „АС“.

На 3 мај, Аргентинецот организираше тимска вечера за собирање на соиграчите пред претстојниот натпревар на шпанското првенство против Атлетико Мадрид.

Приштина, 5 мај 2021 (МИА) – Владата на Косово ги оцени како неосновани барањата на дел од партиите и политичарите во земјата за давање гаранции за пуштање да се бранат од слобода чениците на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се наоѓаат во притвор во Хаг поради обвиненија од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Владиниот портпарол Прпарим Криезиу вели дека не постои законска основа Владата на Албин Курти да побара од Судот во Хаг да ги пушти да се бранат од слобода поранешниот претседател на државата, Хашим Тачи, поранешниот собраниски спикер, Кадри Весели и неколку други челници и основачи на ОВК, на кои им се суди за воени злосторства.

Брисел, 5 мај 2021 (МИА) – Градоначалничката на градот Сен Тронд во Белгија се вакцинирала заедно со нејзини роднини и пријатели во март, пред приоритетните и ранливите групи.

Информацијата која прво излезе во медиумите денеска ја потврди и самата градоначалничка, Верле Херен. Таа воедно се извини и додаде дека тоа го сторила затоа што во тој момент не бил јасен редот на вакцинација за граѓаните.

Вашингтон, 5 мај 2021 (МИА) – Педесет и осум отсто од луѓето кои живеат во светските демократии се задоволни од одговорот на нивните влади на пандемијата на Ковид-19, иако повеќе од половина веруваат дека нивните слободи се премногу ограничени, покажуваат податоците од спроведена анкета.

Истражувањето спроведено во 53 земји, исто така, покажа дека нешто повеќе од половина веруваат дека нивната земја е демократска, но многумина сметаат дека економската нееднаквост и моќта на големите технолошки компании се закана за демократијата.

Back to top button
Close
Close