МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 април 2020

30 април 2020

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон сака европските првенства во фудбал да не продолжат по примерот на Франција, објави „Ле Паризиен“.

Макрон очекува дека заедничка одлука за ова прашање ќе дојде барем во останатите четири најдобри лиги: Англија, Шпанија, Италија и Германија.

Во таа насока, министерката за спорт на Франција, Роксана Марасињану иницираше билатерални преговори со колегите од другите европски земји. Таа веќе разговараше со министрите на Италија и Германија, а исто така мора да преговара и со шпанскиот министер.

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Анти-терористичките судиии задолжени за истрагата за нападот во Ница, во кој загинаа 86 лица на 14 јули 2016 година, ја завршија нивната истрага, јави дописникот на МИА.

судиите ги известија странките дека ја затвориле истрагата.

Ова отвора период од еден месец за забелешки на странките и за одлуката на националното антитерористичко обвинителство, пред конечната одлука на судиите за одржување на судењето. Судењето не може да се одржи во рок од една година.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска во „Вила Водно“ прими припадници на Армијата, кои учествуваат во справувањето со пандемијата на КОВИД-19.

Станува збор за припадници на Армијата, ангажирани во Дебар, Центар Жупа и во Куманово, во кризните подрачја на северната и на јужната граница и за обезбедување на објекти наменети за карантинско сместување, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот.

Тирана,30 април 2020(МИА) – Во последното деноноќие, во Албанија, регистрирани се повеќе новооздравени пациенти отколку новозаразени со Ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита ново заразени се седум,со што вкупната бројка сега изнесува 773, додека во списокот на оздравени се впишани уште 15 или вкупно 470 лица.

Сеуште активни на Ковид-19 се 272 пациента,додека до сега починало 31 лице,но сите боледувале и од други болести.

Будимпешта, 30 април 2020 (МИА) – Унгарските училишта ќе останат затворени до крајот на мај, а повеќе од 500 настани ќе бидат откажани до 15 август, изјави денеска генералниот секретар на унгарската Влада, Гергел Гуjас.

Засега ограничувањата воведени во Будимпешта, каде се пријавени најголем број пациенти заразени со коронавирус, ќе останат во сила.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Владата соопшти дека денеска од 12 часот ќе одржи седница која ќе се одвива преку интернет-видеокомуникација.

На седницата се очекува да бидат донесени нови одлуки во однос на состојбата со пандемијата со Ковид -19.

Белград, 30 април 2020 (МИА) – На сите вработени во српската разузнавачка агенција БИА им е испратена порака со која ги повикуваат да се откажат од ветените 100 евра „во име на патриотизам“, објави НИН во денешниот број.

Неделникот објави дека потврдиле на автентичноста на пораката објавена на социјалните мрежи, во која се повикуваат припадниците на БИА да направат списоци на „волонтери“ кои би се откажале од најавената помош од државата.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, во март годинава во споредба со март во лани, е забележан раст на промет номинално за 3.5, а реално за 1.8 отсто, соопшти Државниот заво за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12.7 %, а реално за 13.1 %), во Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4.6 %, а реално за 5.6 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28.3 %, а реално за 23.6 %).

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Времето во наредните денови ќе да биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ветерот повремено ќе се засилува, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 7, а максималната до 24 степени.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close