МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 декември 2019

13 декември 2019

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави два јавни повика за инструментот кофинасирани грантови за технолошки развој во вкупна ведност од шест милиони евра. Првиот по скратена процедура, во вредност од три милиони евра, ќе биде отворен до 27 декември годинава и на него ќе можат да аплицираат компании кои годинава веќе учествувале на јавните повици на ФИТР и ги поминале административната и претселективаната фаза. Вториот, во вредност од три милиони евра, е по редовна постапка и ќе биде отворен до 5 февруари идната година и на него ќе можат да аплицираат и компании кои досега не учествувале на претходните јавни повици на Фондот.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Мора да имаме правна разврска на случајот „Рекет“, но за сите други случаи индицирани во објавените снимки, за кои очекувам да биде поведена процедура, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, односно се професионално вработени во Министерството за надворешни работи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Ставот на бугарските академици дека не пости македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, изјави претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Напредокот што е направен во Северна Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста е резултат на заедничките напори на Владата, на граѓанското општество и на приватниот сектор, изјави денеска вршителката на должноста амбасадор на САД во земјава, Џенифер Литл Џон во обраќањето на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Брисел, 13 декември 2019 (МИА) – Промените во климата се факт и се случуваат со таква брзина што ризикот и опасноста за човештвото се огромни, изјави бугарскиот премиер Бојо Борисов во Брисел каде европските лидери на самит постигнаа договор за Зелен пакт кој предвидува нулта емисии на штетни гасови до 2050 година.

Париз, 13 декември 2019 (МИА) – Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа во првите 11 месеци од годинава, а Италија е најголем увозник, покажува истражувањето на европските пазари на интерконекторите, спроведено од аналитичката куќа ЕнАпСис.

Њујорк, 13 декември 2019 (МИА) – Генералното собрание на ОН ја усвои поднесената резолуција од страна на Русија за зајакнување на системот на договори за контрола на оружјето.

 

Back to top button
Close
Close