МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 декември 2019

13 декември 2019

Берлин, 13 декември 2019 (МИА) – Евентуалното повторно одложување напролет на одлуката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ би бил многу сериозен удар. Повторувањето на стратегиската грешка од октомври би можело да има многу длабоки, непредвидливи, а можеби и непоправливи последици, оценува претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – „Среќна и безбедна 2020 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започнаа Секторот за превенција на СВР Скопје во соработка со Црвениот крст со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Традиционалната годишна манифестација „Македонски квалитет 2019“ во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, и годинава ќе оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат за развој на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет дома и интернационално.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Атина, 13 декември 2019 (МИА) – Во рамки на грчкото претседателство со Организацијата за црноморска економска соработка, од утрово во Атина започна 41. Состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки.

Брисел, 13 декември 2019 (МИА) – Европските лидери на Самитот во Брисел се договорија за продолжување на санкциите кон Москва за дополнителни шест месеци, а мерките се насочени против енергетските, финансиските и оружените сектори на Русија. ЕУ првпат воведе санкции за Русија по анектирањето на Крим во 2014 година.

Велингтон, 12 декември 2019 (МИА) – Воен тим од Нов Зеланд слета утрово на Белиот остров во потрага по телата на луѓето кои загинаа при ерупција на вулканот. Полицијата наведува дека тоа е многу ризична операција и затоа се спроведува многу внимателно поради опасност од нови ерупции.

Back to top button
Close
Close