МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 април 2021

Тетово, 22 април 2021 (МИА) – Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Теново каде се пушти во употреба фотонапоска централа на Денот на планетата земја – 22 Април тоа го оцени како вистинската порака како треба да се грижиме за планетата. Користењето на обновливи извори на енергија како оваа централа, според него, е примерот како се подобрува животната средина.  

Оваа централа која е обновлив извор на енергија е практичен пример за конкретно остварување на политиките на нашата Влада за одржлив развој и здрава животна средина. Ние гледаме како приватниот инвеститор може да биде партнер во спроведување на зелената агенда. Гледаме како функционира меѓуресорска соработка за клучни прашања од областа на животна средина, како Министертсво за економија преку имплементација на климатските аспекти и придонесува за декарбонизација на нашето општество, а воедно и намалување на загадувањето на нашата земја. Тоа значи интегиран пристап во планирање на енергијата и климата, рече министерот Нуредини. 

Дебар, 22 април 2021 (МИА) – Замре фреквенцијата на двата гранични премини на македонско-албанската граница кај Дебар, откако албанските власти воведоа двонеделен карантин за секој кој на албанската територија ќе влезе од Северна Македонија и од Грција.

При нашата денешна посета на преминот „Блато“, каде вообичаено фрекфенцијата на патници и возила е поголема, до попладнево минал само еден патник, албански државјанин за влез во нашата земја.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари официјална посета на Република Косово.   

Како што информираат од МНР, покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово Вјоса Османи, претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.  

Куманово, 22 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денеска остварија средба во Општина Куманово каде разговараа за досегашната и идната соработка на полето на образованието, но и на економијата.

– Разговараме за моменталните инвестиции на италијанските компании во градот и продлабочување на можностите за инвестиции на странските партнери во градот, со посебен осврт на новата индустриска зона Речица и Новине, за која сакаме до крајот на мај да го објавиме првиот повик за продажба на парцелите, изјави Димитриевски.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека верува дека сите институции ќе ја спроведат одлуката.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот урбанистички план.

– Во делот на висококатнците уште еднаш ќе напоменам дека нашето главно ветување е дека Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно ваквите мегаломанските проекти треба да бидат стратени, скротени и нормализирани. Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е важна работа и тоа е потврдено. Правото согласно Устав и Закон не може никој да го спречи, односно тој што ќе го спречи на крајот треба општината или државата да плати, а веќе имаме плаќано штети од по 6 милиони и 8.5 милиони евра од минати постапки,  изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тетово, 22 април 2021 (МИА) – Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави премиерот Зоран Заев.

– Не можам да кажам кога е закажана. Имаше динамика објавена од министерот за надворешни работи. Не сум навистина информирам за оваа работа. Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена  експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид на прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.

Подгорица, 22 април 2021 (МИА) – Тимот на МЗТ Скопје Аеродром попладнево забележа победа над Младост Земун со 92:86, но разликата од шест поени не беше доволна да се анулира негативата од 20 поени од првиот дуел (75:95) одигран пред два дена. Така, македонскиот претставник кој имаше амбиции да го освои првото место и да се врати во АБА 1 лигата, испадна уште во четврфиналната фаза.

Софија, 22 април 2021 (МИА) – Откако „Демократска Бугарија“ вчера ја одби поканата на коалицијата ГЕРБ-СДС за преговори за формирање нова бугарска влада, денеска и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ официјално го стори истото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, кандидатот за премиер на партијата што победи на парламентарните избори во Бугарија, Даниел Митов, најави дека коалицијата што тој ја претставува в петок ќе одлучи дали ќе го врати мандатот неисполнет или ќе се обиде да го даде на гласање во парламентот.

Софија, 22 април 2021 (МИА) – Пратениците од бугарскиот новоизбран парламент воведоа мораториум на концесии и назначувања извршени од владата на Бојко Борисов во оставка. Мораториумот беше поддржан од 151 пратеник од вкупно 240.

Мораториумот ќе биде на сила до изборот на новата влада на Бугарија.

Брисел, 22 април 2021 (МИА) – Европската комисија денеска соопшти дека нема да ја спроведе опцијата за купување 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на Астра Зенека, што е вклучена во актуелниот договор за набавка што ЕУ го има со оваа компанија.

Портпарол на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и оти ЕУ не планира да ја спроведе.

Стокхолм, 22 април 2021 (МИА) – Шведска, која за време на пандемијата ја избегнуваше мерката за заклучување, ќе го одложи импровизираниот план за ублажување на некои ограничувања поради сегашното високо ниво на новозаразени, соопшти денеска Владата во Стокхолм.

Шведска е во третиот бран од епидемојата на коронавирусот, а бројот на пациенти кои се лекуваат во одделите за интензивна нега е на највисоко ниво од пролетта минатата година.

Женева, 22 април 2021 (МИА) – Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја проценат вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител Синофарм на 26 април за можно одобрување за итна употреба, по што на 3 мај треба да следи проценка на втората кинеска вакцина произведена од Синовак, соопшти денеска СЗО.

– Очекуваме одлука за одобрување неколку дена по проценката, потврдија претставници на СЗО.

Back to top button
Close
Close