МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 април 2021

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39-тата седница.

На почеток, со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, беше донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

Штип, 21 април 2021 (МИА) – Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јакимовиќ денеска имал средба со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на која разговарале и за нон пејперот, кој деновиве ја разбранува јавноста, околу наводната поделба на БиХ и прекројување на границите на Балканот. Јакимовиќ при денешната посета на Штип и на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов порача дека на сите на Балканот им е потребен мир, и оти војната им е преку глава.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на прес-конференција го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека правел се за да се спречи на дневниот ред на денешната седница да се најдат интерпелациите што ги поднесе неговата партија за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, додавајќи дека „продолжува праксата на самоволие и непочит кон Деловникот од страна на Коалицијата СДСМ-ДУИ“.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Неоткажување, поголема мотивација на маркетингот, комерцијализација на продуктот, помагање меѓу компаниите, се дел од заклучоците произлезени од денешната панел дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“. Дискусијата беше во организација на Фондот за иновации и технолошки развој по повод 21 Април – Светскиот ден на иновативноста и креативноста.

Весна Кузмановиќ од Стратум РиД, којшто има развиено неуро-маркетинг платформа истакна дека кај инвеститорите нема креирано свесност дека Република Северна Македонија е земја која може да биде расадник на успешни старт-ап и мора да се работи на тоа.

Берлин, 21 април 2021 (МИА)Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас утре и задутре ќе ги посети Приштина и Белград, соопшти германското МНР.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Адебар, им изјави на новинарите во Берлин дека министерот Мас ќе биде во Приштина в четврток на 22 април и дека еден ден подоцна ќе го посети Белград.

Атина, 21 април 2021 (МИА) – Организаторите на Делфи економскиот форум информираа дека на овогодишното шесто издание на овој собир, што ќе се одржи од 10 до 15 мај, ќе учествуваат и премиерот Зоран Заев и вице-премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година поради Ковид-19, Форумот ќе се одржи во палатата „Запио“ во Атина, а не традиционално во градот Делфи.

Загреб, 21 април 2021 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Словенија, на Хрватска и на Италија денеска во Брдо кај Крањ денеска потпишаа заедничка изјава за заштита на северениот дел на Јадранско Море.

Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар по потпишувањето на Договорот со хрватскиот и италијанскиот колега Гордан Грлиќ Радман и италијанскиот Луиџи ди Маџо, истакна дека се донесени заклучоци за зајакнување на соработката меѓу трите земји во заштитата на Јадранско Море, што според него е основна рамка за зајакнување на соработката во областите од заеднички интерес.

Мадрид, 21 април 2021 (МИА) – Само два клуба од 12 учесници во Супер лигата сè уште не го напуштиле проектот за создавање нов турнир.

Шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона не објавија повлекување од Супер лигата.

Берлин, 21 април 2021 (МИА) – Германскиот министер за Европа, Михаел Рот изјави дека промената на границите не решава никаков проблем на Западен Балкан, како и дека таа приказна може да биде многу опасна и повторно да ја отвори „Пандорината кутија“ полна со конфликти.

Во интервју за Дојче веле на албански јазик, по повод таканаречениот „нон-пејпер“, наводно доставен од словенечкиот премиер Јанез Јанша до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Рот рече дека сегашноста и иднината на Западен Балкан се во помирување, блиска регионална соработка и оддалечување од национализмот и реваншизмот.

Осло, 21 април 2021 (МИА) – Норвешкиот Стабилизациски фонд соопшти дека остварил профит од 382 милијарди круни (45,7 милијарди долари) во првиот квартал, пред се поради силниот раст на цената на акциите во финансискиот и енергетскиот сектор.

Најголемиот фонд во светот управува со средства во вредност од 1,300 милијарди американски долари, а во првиот квартал оствари поврат на инвестицијата од четири проценти.

Њу Делхи, 21 април 2021 (МИА) – Во јавна болница во индиската држава Махараштра починаа 22 пациенти поради недостиг на медицински кислород, изјави владин советник.

„Резервоарот за кислород протекуваше при полнење, што резултираше со смрт на 22 пациенти во ковид болницата“, рече Сураџ Мандари, службеник во областа Нашик во Махараштра.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close