МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 април 2021

13 април 2021

Скопје – Собранието, во рамките од денешниот дел од работата по дневниот ред на 32-та седница, ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Расправата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска посочи дека корупцијата ја поткопува довербата во институциите на системот и ефикасното користење на јавните ресурси и претставува закана за демократијата и остварувањето на човековите права, а нејзините негативни ефекти се огромни.

Скопје – Кривичниот суд – Скопје, му одреди мерка притвор на Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор” до правосилност на пресудата. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.

Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.

Скопје  – Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче. – Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на клиниките разменивме информации во однос на состојбата, информира Филипче.

Скопје – Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска најави дека ќе ги повлечат амамдманите поднеснени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки.

Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за обрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечеме нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки.

Скопје – Седумгодишната образовна програма на Европската Унија „Еразмус +  (2021-2027)“  е официјално објавена. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека Програмата е со историски највисок буџет досега, 28,4 милијарди евра на европско ниво и предвидува повеќе од 10 милиони учесници.

НАЕОПМ соопшти дека Буџетот на Програмата е направен од основните 24,574 милијарди евра, како дел од новиот MFF (2021-2027) и надополнување од 1,7 милијарди евра. На веб-страницата на Агенцијата се достапни сите информации кои се однесуваат на повикот за учество во Еразмус+, вклучително начинот на распределба на буџетските средства, како и насоки за креирање успешна апликација.

Загреб – Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните. Делови од земјата се погодени од поројни дождови, некаде има снежна покривка, а во голем дел дува силен ветер.

Утрово падна снег во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље. Од службата за Хрватските автопатишта повикуваат граѓаните да не поаѓаат на пат без посебна потреба.

Брисел – Утре Владата на Белгија треба да ги соопшти новите мерки по неколку недели строги забрани за патување и затворање на сите несуштински економски активности и училишта, но олеснувањето ќе биде постепено.

Забраната за патување истекува на 19ти април, но властите предупредија дека иако оваа забрана би требало да биде укината, патувањето сепак ќе биде ограничено со задолжителни карантини и ПЦР тестови. Во Европа само неколку региони во Шпанија, Португалија и Ирска не се обоени црвено, така што не се очекува интензивирање на движењето преку границите.

Вашингтон – Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон, администрирани во САД.

Back to top button
Close
Close