МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 ноември 2019

21 ноември 2019

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се залагаат за ветинг и оти чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на тој процес.

Струмица, 21 ноември 2019 (МИА) – Пет компании на околу триесет откупни пунктови во Струмичкиот регион почнаа со откуп на тутунот од годинашната реколта, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Виена, 21 ноември 2019 (МИА) – Слободарската партија на Австрија (ФПО), одбор од Виена, складирале во куќа на истокот на провинцијата Тирол, непозната количина златни плочки, тврди виенскиот неделник „Профил“.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Имаме стабилни односи со ДУИ, но до изборите е важно да се фокусираме на тоа што ќе понудиме на граѓаните, а тие на изборите со тоа како ќе се определат со гласовите така ќе не насочат во делот на идните соработки.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Покренуваме заедничка иницијатива со земјите од регионот со поддршка на Светска банка да направиме една работна група што ќе се справува полесно со аерозагадувањето, изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на денешната регионална конференција „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан – Прашања, решенија и можности за финансирање“ на иницијатива на Светска банка.

Загреб, 21 ноември 2019 (МИА) – Би сакала да им порачам на земјите од Западен Балкан дека имаат перспектива за членство во Европската Унија, изјави синоќа во Загреб германската канцеларка Ангела Меркел.

Москва, 21 ноември 2019 (МИА) – Невладината организација „Бели шлемови“ е вмешана во трговија со органи на Сиријците кои живат во зоните под контрола на екстремистите, тврди директорот на Руската фондација за студии за демократија Максим Григориев.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Шефот на државата Стево Пендаровски денеска вети дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел да се ублажат негативните ефекти од климатските промени и упати јавен апел до сите надлежни во земјава да го зголемат својот ангажман.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Внимателно и одговорно користење на интернетот за најдобро да се искористат неговите придобивки е пораката од денешната еднодневна обука за сајбер-безбедност за ученици од основното образование, наставници и родители што ја организираат министерствата за информатичко општество и за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата „Метаморфозис“.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Субвенциите за инвертери предвидени за граѓаните ќе се доделуваат до крајот на годината, потврди денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, посочувајќи дека тоа ќе го направат на најдигитален начин, односно да не учествува човекот во можноста за одлуките.

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Вкупно 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/20 година ќе бидат стипендирани во рамки на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“.

Мадрид, 21 ноември 2019 (МИА) – Суд во Шпанија денеска пресуди дека правилото кое нискобуџетната авиокомпанија Рајанер го применува за наплаќање рачен багаж е навредливо и повеќе не треба да се применува во таа земја.

Москва, 21 ноември 2019 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот, пренесоа руските медиуми.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close