МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 март 2020

13 март 2020

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот се препорачуваат во општина Дебар и Центар Жупа, согласно заклучоците на Владата од последнта седница, а по преземените мерки и извештајот што треба да се достави до крајот на денот, Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

– Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје).

Париз, 13 март 2020 (МИА) – Француските образовни установи ќе останат затворени најмалку 15 дена, јави дописникот на МИА.

Појаснувањето го даде министерот за здравство Оливие Веран, по вчерашната одлука на францускиот претседател Емануел Макрон.

Со мерката се опфатени вкупно 12 милиони млади од 2,5 до 17 годишна возраст, при што се поставува прашањето за нивното чување од родителите. За вработените во секторот на здравството се предвидуваат исклучителни мерки за чување на децата, додека другите родители за чувањето на децата можат да побараат рдотелско боледување

Вашингтон, 13 март 2020 (МИА) – Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Кели Крафт, најави дека кон крајот на месецот ќе се суспендира сета хуманитарна помош за подрачјата од Јемен што се под контрола на бунтовничкото движење Хуси, што е поддржано од Иран, јави агенцијата Анадолија.

Во текот на обраќањето пред Советот за безбедност на ОН Крафт кажа дека во овие продрачја од Јемен се интензивирани судирите и насилството, во кои Хусите го зазедоа Ал-Хазм, центарот на Ал-Џафа.

Таа додаде дека Хусите ја оневозможуваат операцијата на хуманитарна помош и дека постои загриженост кај персоналот кој работи со хуманитарната помош.

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Поради состојбата со Коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.

Торино, 13 март 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала не е заразен со коронавирус, и покрај тврдењата на венецуелскиот весник „Ел Насионал“, кој напиша дека Аргентинецот е под карантин.

„Лажни вести“, напиша Ромео Агрести, новинар близок до Јуве, во коментар на Твитер.

– По гласините дека Дибала е позитивенза коронавирус, јас контактирав со него. Ова не е точно. Пауло е во одлична состојба. Сите играчи на Јувентус ќе бидат испитани во понеделник, изјави дописникот на ЕСПН – Андрес Ангула.

Back to top button
Close
Close