Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод Денот на жената денеска се сретна со претставнички на сите заедници кои живеат во земјава.

Од кабинетот на првиот вицепремиер информираат дека Груби заедно со присутните госпоѓи за време на одбележувањето на 8 Март се осврнале на прашања поврзани со светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземаат за да се надминат празнините што се уште постојат.

Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски денеска одржа онлајн средба со неговиот грчки колега генералниот секретар за религиски работи при Министерството за образование и религиски работи на Хеленската Република Џорџ Каланѕис.

Како што соопшти Комисијата за односи со верските заедници, ова е прва македонско-грчка средба на одговорните државни функционери за религиски работи од двете држави, а била искористена за меѓусебно запознавање, презентирање на работниот процес на двете институции и главните цели во 2021 година, во која се уште, се наведува, сите се соочуваме со глобалната пандемиска криза.

Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата. Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона-вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, приспособувајќи ги своите мерки и пристап заради превентивно делување за натамошно јакнење на финансиската стабилност, а со тоа и на отпорноста на системот на шокови.

Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност (КФС), на којашто беа презентирани првичните видувања и податоци за остварувањата во минатата година и тековната состојба во одделните сегменти од финансискиот систем во земјата, во условите на корона-кризата.

Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Македонската берза се приклучи кон глобалната иницијатива „Заѕвони за родова еднаквост“ („Ring the Bell for Gender Equality“) со што првпат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно се означува почетокот на тргувањето.

Во Македонската берза, како што информираа оттаму, почетокот на тргувањето со ѕвонење на ѕвончето го сториле претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

Битола, 8 март 2021 (МИА) – Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за ова да не остане само наша битка, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзиниот престој во Битола.

На трибината „Жените, носители и креатори на политики“, министерката Шекеринска посочи дека во нашето општество се уште постојат сериозни проблеми за жените кои мора да ги решаваме, и затоа и денеска ја испраќаме пораката до сите државни органи, до Јавното обвинителство, дека насилството кон жените создава и физичко насилство, и ако не реагираме денеска, утре ќе имаме поголем проблем.

Скопје, 8 март 2021 (МИА) – Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација. 

– Сега има некои мислења и за тоа дали да се почне со старечките домови и со луѓето коишто се сместени таму или со дел од кадарот, така што дефинитивно денеска ќе знаеме, изјави министерот.

Атина, 8 март 2021 (МИА) – Кипар, Грција и Израел потпишаа прелиминарен договор за изградба на најдолгиот и најдлабокиот подводен далновод, кој ќе биде поставен на дното на Средоземното Море.

Кабелот ќе ги поврзе електричните мрежи на трите земји. Проектот е вреден 900 милиони долари.

Брисел, 8 март 2021 (МИА) – Европската комисија ќе го претстави својот прв проект за создавање пасоши за имунизација во ЕУ на 17 март, соопшти на брифинг во Брисел официјалниот портпарол на Комисијата Ерик Мамер.

Тој објасни дека одлуката за нивна практична примена, вклучително и на меѓународно ниво, земјите-членки на ЕУ ќе ја донесат подоцна.

Њујорк, 8 март 2021 (МИА) –  САД планираат да извршат неколку кибер-напади во рок од три недели против системите поврзани со руската влада. Тоа го објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори.

Неименувани извори велат дека САД ќе почнат „тајни контранапади“ во текот на следните три недели, што ќе им се стави до знаење на Владимир Путин, руските разузнавачи и војската, но не и на надворешниот свет. Покрај кибер нападите, САД планираат да воведат економски санкции за Москва како одговор на руските хакерски напади.

Торино, 8 март 2021 (МИА) – Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, зборуваше за тоа како се сменил фудбалот за време на пандемијата на коронавирус.

– Заедничката работа ни овозможи да ја завршиме сезоната 2019/2020 и да ја започнеме следната. Но, проблемите поврзани со коронавирусот сè уште остануваат. Фудбалот мора да се смени. На стадионите сè уште нема навивачи. Треба да работиме на организирање спектакуларни натпревари, во спротивно ќе ги загубиме нашите навивачи. Затоа, разговараме за оваа насока со УЕФА. Треба да ги ставиме навивачите во центарот на вниманието. Сегашниот систем не е погоден за современите навивачи, го цитира „Фудбал Италија“ Ањели.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close