Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Работниците треба да се охрабрат и да ги пријавуваат сите прекршувања од работен однос, заклучиле денеска на заедничка средба претставници од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На состанокот, што се одржал во  просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, договорено е зајакнување на соработката меѓу синдикатот и Инспекторатот за труд во насока на постапување по пријавите на работниците, а со поддршка на Меѓународната организација на трудот, ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе започнат активност со која работниците, преку ССМ ќе добиваат правна за остварување на нивните работнички права.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Досега 1040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата ,,vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација, посочија од Министерството за здравство.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Слободни и фер избори, од една страна, и управување според волјата на народот – од друга страна, се предуслови за силна демократија, но, само 37 проценти од граѓаните кои живеат во демократските земји се согласуваат дека овие два предуслова се исполнети во нивните земји, една третина (33 проценти) од анкетираните изјавуваат дека ниту еден предуслов од овие два не се исполнети, а 23 проценти веруваат дека само еден од нив е исполнет во нивната земја.

Ова се дел од резултатите на најновото глобално истражување Гласот на народот (VOP),
спроведено од Gallup International Association (Галуп Интернејшенел)  кое седум децении ја следи перцепцијата на луѓето во однос на управувањето и правичноста на изборите. Со истражувањето се опфатени 44 земји низ светот и околу 42 000 возрасни граѓани, на национално репрезентативен примерок со околу 1000 мажи и жени кои биле интервјуирани во текот на октомври – декември 2020 година, (лице в лице, преку телефон или преку Интернет“. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу + 3-5 проценти на ниво на доверба од 95 проценти. Во РС Македонија истражувањето го спроведе БРИМА со телефонска анкета со национално репрезентативен примерок од 500 испитаници.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од
одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби организираше тркалезна маса.

На оваа дебата, како што соопштија од неговиот кабинет, освен Груби присутни биле и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, директорот на Агенцијата за остварување на
малцинските права во РСМ, Еран Куртиш, државниот секретар во Министерството за образование и наука, г. Селатин Белули, директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ, директорот на Управата за култура, Адмир Ујкановиќ, директорот на инспекторатот за упореба на јазиците, Фатмир Исени и заменик министерот во Министерството за политички систем, Илхан Рахман.

Тирана, 22 февруари 2021 (МИА) – Кулминираа препукувањата меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама, со денешните меѓусебни обвинувања, со кои Мета го нарече главен олигарх а тој му возрати дека нема врска со мозокот.

Откако Рама повторно застана зад своите изјави за претседателот Мета, рече дека тој доследно не ја обавува функцијата претседател, туку дека тајно излегува и води кампања за партијата чија лидерка е неговата сопруга.

Берлин, 22 февруари 2021 (МИА) – Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на Германското здружение на пивари, што доведе до тоа производителите на пиво едвај да можат да продадат нешто од пивото наменето за точење во рестораните.

Женева, 22 февруари 20221 (МИА) – Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), нагласувајќи дека закрепнувањето зависи од ефекасната вакцинација против Ковид-19.

Барометарот за стокова трговија на СТО стоеше на 103,9 поени во последните три месеци од минатата година, сигнализирајќи континуирано закрепнување кое започна во третиот квартал, изразено во надминување на индексот на вредноста од 100 поени.

Каљари, 22 февруари 2021 (МИА) – Калчолигашот Каљари денес на својата веб-страница објави за прекинот на соработката со главниот тренер Еузебио Ди Франческо.

Клубот исто така ги отпушти помошникот менаџер Франческо Калзон и фитнес тренерот Никандро Викоко.

Back to top button
Close
Close