МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 февруари 2021

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Земјоделците не беа и не се на агендата на Владата. Кризата не се искористи за да се зајакне нивната улога. Целосно отсуствуваа мерки за индивидуалните земјоделци кои ги има во најголем број во земјата. Жените земјоделки заради историската дискриминација имаат помалку сопственост на свое име и помалку шанси да пристапат до финансии, но и помалку заштеди со што се поранливи да ја преживеат кризата, а ниту една од владините мерки директно и специфично не се однесува на нив. Ова мора да се исправи, беше речено на денешната презентација на најновата анализа што ја спроведоа Националната федерација на фармери (НФФ) и Центарот за истражување и креирање политики.

Според анализата, откажувањето на пласманот и договорениот откуп, намалениот обем на работа, отежнатиот пристап до репроматеријали и нивното поскапување, се само некои од последиците што ги предизвика КОВИД-пандемијата во земјоделството.

Белград, 18 февруари 2021 (МИА) – Северна Македонија и Србија бележат нагорен тренд во севкупните односи, како и заемна подготвеност тие да бидат збогатени со нови содржини, со цел подобрување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, а во интерес на градењето на добросоедските односи и регионалната соработка, констатирале денеска во Белград министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот домаќин, шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ.

Двајцата министри изразиле задоволство од одржувањето на оваа прва посета на Белград, со што е потврдена решителноста за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете држави. 

Скопје, 18 Февруари 2021 (МИА) – Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво. Многу бизниси веќе отпуштиле работници, а дел се на прагот на одржливост, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија.

Комората бара вакцините да бидат што поскоро обезбедени, пописот да се спроведе и да нема чести избори, туку да и се остави на секоја влада, ако работи соодветно, да го истера мандатот до крај.

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Министерството за животна средина и просторно планирање по завршувањето на процесот на консултација на јавноста за тековниот процес за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, процени дека во предлогот на одлуката од аспект на заштита на природните вредности не постојат двојби. Но, дополнително, во однос на дел на забелешките кои се однесуваат на други аспекти на заштита започнува дополнителна консултација и координација на техничко ниво со други релевантни државни институции согласно нивните надлежности, вклучително и Град Скопје како предлагач на иницијативата, заради обезбедување интегрирана заштита на подрачјето, соопшти МЖСПП.

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Нови 373 случаи на заболени од КОВИД-19 од направени 2.345 тестирања регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа. Оздравени се 309 пациенти, а починати се осум лица., сите во болнички услови.
Од новите  373 случаи со КОВИД-19, најмногу се во Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово  по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Прилеп, 18 февруари 2021 (МИА) – Креираме образование базирано на вистинските потреби на стопанството, со што бенефит ќе имаат и учениците и компаниите. Учениците добиваат практика и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски. Ова го нагласи денеска министерката за образование Мила Царовска во Прилеп каде продолжуваат средбите со компаниите, средните училишта и со локалните самоуправи. Царовска имаше работна средба со градоначалниците на Прилеп и Крушево, Илија Јованоски и Томе Христоски, заедно со претставници на компании од овие две општини, како и со директорите на средните училишта.

Белград, 18 февруари 2021 (МИА) – На денешната средба во Белград на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, разговарано е за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји, преку решавање на сите прашања преку дијалог, подобрување на економската соработка и взаемна поддршка на европскиот пат, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Претседателот Вучиќ ги наведе сите конкретни проекти кои би придонеле за подобро поврзување и економска соработка меѓу двете земји, како што се модернизација на пругата кон Скопје и зајакнување на инфраструктурата на граничните премини, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Загреб, 18 февруари 2021 (МИА)Од 1. до 15 март во Хрватска ќе се одржи пробен попис на населението.

Како што објави агенцијата Хина, пробниот попис ќе се одржи во Вараждинската жупанија, заедно со Приморско-горанската, Осиечко- барањската и Сплитско-далматинската упанија, како и во градот Загреб.

Пробниот попис ќе опфати околу 12.000 луѓе, беше речено на прес-конференција во Вараждин.

Париз, 18 февруари 2021 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го претстави планот за подобра заштита на јавните установи и приватните компании од кибер криминал по нападите овој месец врз две болници и зголемувањето на сличните кибер напади во Франција.

Нападите врз две болници предизвикаа префрлање на некои пациенти во други установи во време кога францускиот здравствен систем е под притисок поради пандемијата на коронавирус.

Кабул, 18 февруари 2021 (МИА) – Мубашер Муслимјар, професор на универзитетот во Кабул, е убиен денеска кога бомба го погоди неговиот автомобил во авганистанскиот главен град, соопштија полициските власти.

Муслимјар, професор по исламско право, е убиен во Кабул заедно со уште едно лице, изјави портпаролот на полицијата Фердавс Фарамарц.

Лондон, 18 февруари 2021 (МИА) – Првиот човек на Алфа Таури, Франц Тост, зборуваше за победата на Пјер Гасли на трката за ГН на Италија 2020 година и рече дека возачот можеби ќе има можност да се врати во Ред Бул.

– Се разбира, се надеваме на нова победа како минатата година – тоа отсекогаш била наша цел. Но, разбираме дека тоа е невозможно во нормални услови. Во Монца имавме брз автомобил, Гасли пилотираше совршено, без никакви грешки, но имавме голема среќа со казната на Хамилтон.

Back to top button
Close
Close