Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Ако им се регулирани сите претходни обврски, општините годинава ќе можат остварените заштеди од лани да ги искористат за капитални инвестиции, наместо да ги враќаат во Буџетот.

Ова е предвидено со петтиот антикризен пакет, а се работи за сума од 1,9 милијарди денари.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Доколку има потреба за реализација на дополнителниот сет средства ќе има ребаланс на буџетот. Буџетот го вклопува целиот петти пакет и дополнителните средства што беа најавени и се предвидува да се реализираат успешно до крајот на годината, а за тоа ќе има соодветен ребаланс, но не за брзо време, затоа што сега има средства за реализација во наредните месеци, односно во првата половина од годината, изјави денеска на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими појаснувајќи од каде ќе бидат обезбедени средства за мерките.

– Петтиот сет мерки е продолжение на досегашните четири сета мерки, што се покажаа дека имаа придонес за ублажување на ефектите од кризата. Уште при носење на буџетот кога го проектиравме издвоивме 50 милиони евра средства како програма за Ковид, исклучиво за мерките и веќе петтиот пакет мерки според динамиката предвидува во рамки на тие 50 милиони евра да се реализираат во текот на првата половина од годината, зависно од тоа како ќе тече реализацијата на истите мерки што ги проектираме. Беше најавено и минатата година, како што ќе следи годината ќе имаме соодветна корекција на буџетот, односно ребаланс, доколку има потреба во реализацијата на дополнителниот сет средства, зависно од тоа како ќе течат економските движења. Ние сме во рамки на проекциите на ММФ, Светската банка и Европската комисија за тоа што ќе се случува во текот на годината, односно економските проекции, затоа во буџетот кога дадовме среднорочна рамка имавме проекции на оптимистичка и песимистика варијанта, појасни Бесими.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 50 200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 23 808 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Судскиот совет на денешната седница донесе едногласна одлука да ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна“ да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава.

– Тоа знаете како е, сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот. Значи дефинитивно треба да се поддржат вакви работи, заради тоа што сме мултиетничка држава. Знам дека има дебата, ја следам, дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никој пат ниту сме се криеле, ниту секој од својот идентитет се срамел, напротив сме се гордееле, а како мултиетничко општество сите заедно се гордееме со нашата етничка разноликост, со ова богатство на културолошки и етнички, верски разноликости по кои сме препознатливи и навистина сме пример и за соживот и може многу развиени земји да учат од нас, нагласи Заев.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) –  Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами.

Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето на методологијата сите одговорни за организацијата на пописот, интензивно работат со цел успешно спроведување на статистичката операција која има суштинско значење за развојот на државата.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 50 милиони денари поддршка за сите 120 радија и телевизии во земјава кои имаат концесии за емитување програма, се предвидени со петтиот пакет мерки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Радиодифузерите, како што објасни Заев, годинава ќе бидат ослободени од давачката за концесија.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристеска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките.

Ристоска образложи дека исказот докажува во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн.

Софија, 16 февруари 2021 (МИА) – Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, јави дописникот на МИА.

Хероинот бил откриен во Варна во пратка со битумен што пристигнала од . Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на практата била трговска фирма од Шумен.

Брисел, 16 февруари 2021 (МИА) – Во Европската унија, меѓу март и ноември 2020 година, имало 450.000 повеќе смртни случаи во споредба со истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, објави Европската агенција за статистика.

Според Евростат, зголемувањето на смртноста го достигна својот прв врв во април 2020 година. Нешто пониско зголемување на морталитетот во ЕУ е забележано помеѓу мај и јули, со значително понатамошно зголемување кон крајот на август и почетокот на септември, што се совпаѓа со новиот бран на пандемијата на коронавирус.

Копенхаген, 16 февруари 2021 (МИА) – Десетина водечки светски авио-компании ја поддржаа Хуманитарната авио-иницијатива на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за приоритетна испорака на вакцини против Ковид-19, основни лекови, медицински помагала и друга неопходна опрема во борбата против пандемијата, соопшти организацијата.

Како дел од овој уникатен потфат, повеќе од 10 водечки авио-компании потпишаа договори со УНИЦЕФ за поддршка на долгорочната иницијатива, што ќе дејствува како глобален механизам за логистика и подготвеност и во случаи на други хуманитарни и здравствени кризи, соопшти УНИЦЕФ.

Back to top button
Close
Close