МИА ФлешПакети

МИА Флеш

5 февруари 2021

Белград, 5 февруари 2021 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден во здравствените установи во Врање и Бујановац не беше можно да се добие официјална потврда или демант на информациите дека на југот на Србија е можно да се вакцинираат граѓани на Северна Македонија и од Косово, дури и оние што немаат српски документи или престој на нејзината територија, јави дописникот на МИА од Белград.

Д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Врање, за белградскиот весник „Данас“ изјави дека вчера бил „бомбардиран со новинарски повици и мејлови од неколку редакции во Белград со овој проблем“.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Тие денеска, како што информира Основниот кривичен суд, биле спроведени пред судија на претходна постапка.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Во досегашниот тек на собраниската расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование се слушнаа ставови на поддршка, но и барање таа да биде повлечена поради несеопфатност и неприменливост.

По воведните обраќања на премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, и членови на работната група кои ја презентираа пред присутните, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска повика концепцијата да се повлече, да се напушти концептот на интегрирани содржини и укажа дека нема финансиски план за спроведување на реформата од септември, ниту се знае, како што рече, кога и кој ќе ги обучува наставниците. Смета дека најпрво се потребни реформи на наставнички факултети.

Париз, 5 февруари 2021 (МИА) – Нова студија открива дека 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ. Пред сè, испитувањето открива растечка недоверба кон блокот како целина, јави дописникот на МИА.

Преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија немаат започнато, со Црна Гора и Србија се во тек, додека Босна и Херцеговина и Косово се сметаат за потенцијални кандидати.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Во продолжение на својата официјална посета на Тирана, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, оствари средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко како и со лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

За време на разговорите, како што соопшти МНР, беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија, изразена подготвеност за јакнење на регионалната соработка, а со цел поттикнување на економскиот раст, намалување на невработеноста, борбата против нелегалната миграција, а во насока на  подобрување на социјалната благосостојба на нашите граѓани, како и за зголемување на обемот на трговијата, инвестициите и вработеноста во областа на сите земји од регионот на Западниот Балкан.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Цените на угостителските услуги во јануари годинава останаа на исто ниво како во декември минатата година, а во споредба со јануари 2020 година пораснаа за 0,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември 2020 година, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,7 и Безалкохолни пијалаци за 0,8 отсто, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1,6 проценти.

Подгорица, 5 февруари 2021 (МИА) – Апелацискиот суд на Црна Гора денеска ја укина првостепената пресуда за случајот познат како „државен удар“.

Во првостепената пресуда за наводен „државен удар“ со цел соборување на тогашната власт предводена од актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на изборниот ден во 2016 година, осудени се повеќе лица меѓу кои и лидерите на Демократски фронт Андеија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, како и поранешниот генерал на Жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ.

Москва, 5 февруари 2021 (МИА) – Руски суд денеска донесе одлука дека компанијата во сопственост на рударскиот гигант Норилск Никел мора да плати 146 милијарди рубљи или приближно 1,95 милијарди американски долари за штетата врз животната средина предизвикана од излевање на гориво во рускиот дел на Арктикот во мај минатата година.

Судската постапка беше иницирана од Руската служба за надзор на заштитата на животната средина, која од компанијата Норникел НТЕЦ побара 148 милијарди рубљи за штетата, а проценката на компанијата беше далеку помала и изнесуваше 21,4 милијарди рубљи.

Вашингтон, 5 февруари 2021 (МИА) – Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс објави дека по 22 години се враќа на радио каде ќе води емисија.

Емисијата ќе ја води конзервативната младинска организација Фондација млада Америка, формирана 60-тите години од минатиот век, а Пенс ќе биде еден од предавачите во кампусот.

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close