МИА ФлешПакети

МИА Флеш

5 февруари 2021

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде промовирана првата група подофицери од професионалните војници. Првата група ја сочинуваат 65 лица од вкупно 120-те професионални војници.

Курсот за подофицери се организира по 11 години. Обуката за нив почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари, додека втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска е закажана седница на Комисијата за финансирање и буџет. Членовите на Комисијата ќе расправаат по два предлог-закона во второ читање по скратена постапка.

На дневен ред се Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка по Договорот за заем за финансирање на проектот за унапредување на основното образование, како и Предлог-законот за задолжување со заем кај ЕБОР за договорот за финансирање на проектот за воведување на брз автобуски превоз во Скопје.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција ќе го образложи својот став за одбивањето на нивното барање за одложување на роковите за поднесување на завршните сметки.

Сметководителите неодамна побараа да се направат измени во Законот за трговски друштва за да се пролонгираат роковите за поднесување на завршните сметки.

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски заедно со заменикот-директор Илми Селами денеска ќе одржат прес-конференција за Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021.

Прес-конференцијата ќе биде онлајн преку апликацијата ЗУМ, а ќе може да се следи и на Фејсбук каналот на Државниот завод за статистика.

Меминген, 5 февруари 2021 (МИА) – Неколку лица се повредени во експлозија на гас во градот Меминген во германската покраина Баварија.

Според „Билд“ кои го цитираат портпаролот на полицијата не е исклучена нова експлозија на местото – зграда во сопственост на баварскиот Црвен крст.

Копенхаген, 5 февруари 2021 (МИА) – Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија.

Вештачкиот остров, со големина од 18 фудбалски игралишта, ќе биде поврзан со стотици турбини на ветер и ќе обезбеди енергија и за домаќинствата и за индустријата.

Москва, 5 февруари 2021 (МИА) – Русија повторно разгледува нацрт-закон што ќе им овозможи на безбедносните сили без судски налог да пристапат до локациите на жителите преку нивните мобилни телефон.

Илјадници демонстранти беа уапсени на протестите во текот на два викенда, а над 1.000 беа приведени во Москва во вторникот, откако судот го осуди опозицискиот лидер Алексеј Навални, на 32 месеци затвор за кршење на условна казна.

Њујорк, 5 февруари 2021 (МИА) –  Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, Халид Батарфи, беше уапсен минатиот октомври во Јемен, се неведува во извештај на ОН објавен синоќа.

Батарфи, познат како Абу Микдад ал-Кинди, „беше уапсен во октомври за време на операција во Ел Геида, при што беше убиен и заменик командантот Сада Атеф ал Аулаки“, се вели во документот на ОН.

Вашингтон, 5 февруари 2021 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД за климатски промени Џон Кери денеска изјави дека очекува да разговара со неговиот колега од Кина, Сје Женху и го нарече „лидер“ и „способен говорник на неговата земја“ за глобалното затоплување.

Кери, кој директно рапортира кај американскиот претседател Џо Бајден, ќе ги претставува САД во идните разговори за климата.

Вашингтон, 5 февруари 2021 (МИА) – Претставничкиот дом на САД одлучи да ја отстрани републиканската конгресменка, Марџори Тејлор Грин, која ги поддржува теоретичарите на заговор, од неколку комисии, по серија контроверзни јавни изјави.

Претставничкиот дом гласаше за исклучување на Грин од Комитетот за образование и труд, како и од Комитетот за буџет. Вкупно 219 демократи и 11 републиканци гласаа „за“, а 199 републиканци беа „против“.

Хонг Конг, 5 февруари 2021 (МИА) –  Властите во Хонг Конг претставија „контроверзен училишен водич“  , во кој се наведува дека шестгодишни ученици треба да научат и да препознаат што е соработка со странски служби и субверзија, како дел од новата наставна програма за национална безбедност.

Пекинг воведе закон за безбедност во Хонг Конг во јуни 2020 година, како одговор на повеќемесечните насилни антивладини и антикинески протести во 2019 година.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close