МИА ФлешПакети

МИА Флеш

4 февруари 2021

 Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска учествуваше на неформален состанок со УНФПА, во врска со донесувањето на Документот за програмска соработка со Република Северна Македонија за периодот 2021-2025 година. Овој состанок беше на ниво на Извршен одбор на УНФПА од чија страна беа истакнати најважните постигнувања на земјава, со посебен акцент на реформата на системот на социјална заштита, постигнувањата во намалувањето на дискриминацијата на жените, еднаквите можности, мерките и политиките во насока на задржување на младите во земјава.

Како што соопшти Министерството за труд  социјална политика, Шахпаска на почетокот од своето обраќање ја истакна важноста на одличната соработка со УНФПА, на регионално и глобално ниво, што се должи на заедничките заложби од страна на државата поставени како приоритети и стратегискиот план на УНФПА. Притоа се осврна на најважните прашања во рамките на Програмата за нашата земја која беше усвоена на овој неформален состанок.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски во име на Владата денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 149 години од неговото раѓање.

-Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, соопшти владината прес-служба.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Интегрирање преку наставни содржини, а не  укинување на предмети, предвидува концепцијата за основно образование, вели во интервју за МИА, министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во врска со интегративниот процес, кој е содржан во реформата и кој предизвика реакции во јавноста, со тврдења дека се укинува предметот историја, особено сега во чувствителен перод во односите меѓу Скопје и Софија, Царовска напоменува дека интеграцијата постои и во сегашниот модел од прво до петто оделение, а сега е превидено да продолжи до девето.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Иако постојат програми за скрининг (рано откривање) на ракот на грлото на матката и ракот на дојката, податоците од нивното спроведување покажуваат дека реално во државава нема сеопфатен и организиран скрининг за овие малигни заболувања. Со средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за програмата за скрининг на рак на грло на матка се предвидува опфат само на околу 30 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години, а во 2019 година намален е буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари, соопшти Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Поради недостиг на матични гинеколози, посочуваат од Здружението, само 60 отсто од жените имаат избрано матичен гинеколог, а поради тоа само 28 отсто од жените се опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година).

Белград, 4 февруари 2021 (МИА) -Полициски службеници, инспектори и припадници на безбедоносната служба БИА во Белград денес ги пребаруваат просториите на Фудбалскиот клуб Партизан, по апсењето на Вељко Беливук (Веља Невоља) и Марко Миjковиќ Марет, а во исто време, полицајците се и на стадионот на Црвена звезда, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави на прес конференција дека 17 членови на организирана криминална група се уапсени во акцијата на Министерството за внатрешни работи, БИА и Обвинителството за организиран криминал и кажа дека нема да биде дозволено создавањето на нов „Земунски клан “во Србија .

Лондон, 4 февруари 2021 (МИА) – Во моментов постојат околу 4.000 варијанти на коронавирусот ширум светот, изјави денеска британскиот министер за вакцини Надим Захаваи за Скај Њуз.

Тој додаде дека постои „библиотека“ со мутации на коронавирусот за да се обезбеди Велика Британија да биде подготвена да одговори со ажурирани вакцини.

Брисел, 4 февруари 2021 (МИА) – Не негирам дека имало тешки денови и разговори со поранешниот претседател на САД во изминатите четири години, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како одговор на прашањето за проценката на администрацијата на Доналд Трамп.

– И покрај тие тешкотии, САД и Европа направија повеќе за НАТО отколку што беше направено во претходните години, истакна тој.

Лондон, 4 февруари 2021 (МИА) – Снимањето на третиот дел од филмот „Фантастични ѕверки“ во Хертфордшир, Англија, беше запрено по позитивен корона-тест на член на тимот, објави „Дејли меил“.

„Ворнер Брос“ сѐ уште не соопштуваат за тоа кој е заразен, но работата на филмот е стопирана и не се знае кога ќе продолжи. Гласините говорат дека човекот е еден од глумците. Во филмот глумат Џуд Ло, Медс Микелсен, Еди Редмајн…

Париз, 4 февруари 2021 (МИА) – Прелиминарните резултати од последното истражување покажуваат зголемување на циркулацијата на варијантите на коронавирусот во Франција, кое сепак според експертите не е „експлозивно“, јави дописникот на МИА.

Бројот на заразените лица со варијантите на Ковид -19 сепак се зголемува во Франција, според првичните резултати од најновата флеш-анкета, како што објасни професорот Бруно Лина на БФМТВ, имено 14 отсто од позитивните случаи на коронавирус.

Виена, 4 февруари 2021 (МИА) – Нов, построг режим на влез во Австрија ќе стапи во сила од 10 февруари, што првенствено има за цел да спречи „увоз“ на новите мутации на коронавирусот.

Главната новина на уредбата, објавена од австриското Министерство за здравство, е задолжителниот негативен тест при влез во земјата.

 

 

Back to top button
Close
Close