МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 февруари 2021

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски денеска оствари средба со претседателката на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, на која разговараа за улогата на Комитетот во остварување на правата на заедниците во Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, Алаѓозовски зборуваше за целта и улогата на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година, документ кој беше изработен од експертски тим, релевантни државни институции и невладини организации.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4959 контроли. Акциските контроли продолжуваат, а согласно заклучок од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби ќе се зајакнат.

Ова го соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска Филиповска, денеска на прес-конфренција наведувајќи дека Владата ги задолжила министерствата за финансии,  за информатичко општество и администрација и за политички систем и односи меѓу заедниците со највисок приоритет да ги разгледаат и одобрат годишните планови за вработување во сите инспекциски служби за 2021 година.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Интензивирањето на соработката помеѓу МВР и АД „Пошта на Северна Македонија“ е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на ресорниот министер Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули.

Од МВР соопштуваат дека од двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки  за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса, како и за можните  предизвици и насоки за заживување на електронската трговија.

Белград, 3 февруари 2021 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин и го замоли да и помогне на Србија што поскоро да добие дополнителни количини на руската вакцина, за да што повеќе и побргу српските граѓани добијат сигурна заштита од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вучиќ му се заблагодари на претседателот Путин за поддршката во борбата против коронавирусот, а особено за испораката на вакцината Спутник V, бидејќи таа придонесе нашата земја да биде водечка во вакцинирањето на населението, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот Вучиќ.

Лондон, 3 февруари 2021 (МИА) – ЕУ мора да преземе итни активности за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на трговскиот договор во Северна Ирска, и тоа до крајот на март, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор со премиерката на Северна Ирска Арлен Фостер.

Портпарол на Џонсон изјави дека британскиот премиер посочил дека ЕУ мора да преземе итни активности со цел да се обезбедат придобивките за Северна Ирска од напуштањето на Унијата.

Брисел, 3 февруари 2021 (МИА) – Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, потврди дека руската вакцина, Спутник, ќе биде анализирана како и сите други вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање за руската вакцина, комесарката потврди дека истите стандарди ќе се применуваат за оваа вакцина како и за сите други пред да се донесе одлука за нејзина авторизација.

Москва, 3 февруари 2021 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека е оправдано полициското задушувањето на опозициските демонстрации, организирани по апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, бидејќи тие претставуваат закана.

-Повиците дека незаконски се постапувало се провокација … Полицијата реагираше решително бидејќи може да се појават закани, оцени Песков еден ден по демонстрациите поради затворањето на Навални, на кои беа уапсени повеќе од 1.400 лица.

Брисел, 3 февруари 2021 (МИА) – Европската комисија денеска го презентираше Европскиот план за борба против ракот, кој се базира на новиот пристап на ЕУ кон превенција, лекување и закрепнување од последиците од оваа болест.

Во Брисел наведуваат дека Европскиот план за борба против ракот е здравствен, научен, политички и оперативен приоритет на ЕУ, за што се издвоени четири милијарди евра.

Киев, 3 февруари 2021 (МИА) – Претседателот на Украина Володомир Зеленски денеска изјави дека ја поддржува слободата на говорот, но се противи на пропаганда финансирана од држава-агресор, алудирајќи на Русија.

Според ТАСС, со оваа изјава тој ја поддржал одлуката за санкционирање на три ТВ канали и нивниот сопственик, пратеникот Тарас Козак.

Берлин, 3 јануари 2021 (МИА) – Германската Влада денеска соопшти дека не се исклучени дополнителни санкции против Русија откако московски суд го осуди на затвор опозицискиот политичар Алексеј Навални.

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефен Зајберт, на прес-конференција рече дека Берлин ќе разговара за понатамошните чекори со европските партнери.

 

Акра, 3 февруари 2021 (МИА) – Најмалку 18 лица загинаа при судир на два автобуса на автопат во северна Гана, соопшти денеска локалната полиција.

Најмалку 45 лица се повредени во несреќата што утрово се случила во близина на градот Саваба во округот Централна Гонџа, изјави портпаролот на регионалната полиција, Овусу Агиекум.

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close