МИА ФлешПакети

МИА Флеш

3 февруари 2021

Тетово, 3 февруари 2021 (МИА) – Петта година изминува откако прекина работата на фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во тетовско Јегуновце поради неисполнетите обврски за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола.  Од раководството најавуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што започна во април 2017 година, што е услов фабриката во иднина да продолжи да работи согласно потребните стандарди и да не ги загадува животната средина и воздухот.

-Имаме начелна одлука на сопственикот на фабриката, кој живее во Лондон, а беше тука пред два месеци при што ја истакна намерата да се продолжи со градење на системот за поставување на филтри за отпрашување. Сега сме во интензивна комуникација со компанијата која почна да го гради системот околу преостанатиот долг како ќе се плаќа за да можат да ја довршат челичната конструкција. Чекаме да помине зимскиот период па од март-април да се почне со тие градежни активности, изјави за МИА, Васко Скендеровски, генерален директор на Југохром.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Предложените реформи во основното образование се во целосна согласност со препораките на Светска банка, објавени во последната белешка која се однесува на основното образование во Северна Македонија. Светска банка препорачува создавање подобар образован систем во кој учениците ќе бидат во фокусот, а наставниците ќе добијат поддршка, како и подобрување на условите во училиштата со што ќе се обезбеди инклузивен пристап, информира Министерството за образование и наука.

Посочува дека предложената концепција за основно образование предвидува развој на критичкото размислување кај учениците, како и поврзување на знаењата низ различни дисциплини низ интеграција на предмети, што е препорака и на Светска банка.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе ја посети Државната математичко-информатичка гимназија во Скопје.

Повод за посетата е лабораторијата која со помош на „Уни банка“ е опремена со персонални компјутери за стекнувања на знаења и вештини од областа на математиката, информатиката и физиката.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, евроамбасадорот Дејвид Гир и пратеничката Латифа Шиковска денеска ќе се обратат на промотивен настан за отпочнување на проекти за домување на Ромите.Проектите се во вкупна вредност од 3,2 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2, кој Владата го спроведува со поддршка од Делегацијата на ЕУ.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Во поголем дел од државата утринава е ведро со слаб ветер од променлив правец. Во западните и северните делови има умерена до значителна облачност, а по котлините и слаба магла. Магла со намалена видливост има во делови од Полошката и Скопската котлина и во Демир Капија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измеренеи -2 степена, а во Петровец кај Скопје и во Тетово -1 степен. Во останатите градови утринските температури се над нулата.

Љубљана, 3 февруари 2021 (МИА) – Словенечкиот Парламент го усвои седмиот по ред „против-корона“, законски пакет што предвидува 320 милиони евра помош и субвенции за граѓаните и економијата. Пакетот помош ја продолжува мерката за субвенционирање на чекање за работа.

Таа мерка може да ја користат работодавците чии приходи се намалени за повеќе од 20 проценти поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.

Брисел, 3 февруари 2021 (МИА) –   Во Белгија прекинаа со вакцинацијата на „АстраЗенека“ против Ковид-19 на лица над 55 години за најмалку два месеца, јавија локалните медиуми.

Причината е што се уште нема доволно податоци за тоа дали таа вакцина обезбедува заштита за старите лица. Европската агенција за лекови ја одобри вакцината пред една недела, наведувајќи дека исто така нема сигурни податоци за ефектите во таа возрасна група.

Хонгконг, 3 февруари 2021 (МИА) – Хонгконг почна да „затвора“ станбени блокови без претходна најава, како дел од контроверзната стратегија за спречување на ширењето на коронавирусот, објави Би Би Си.

Во претходните десет дена, единици на хонконгшката полиција започнаа „локдауни“ без претходно предупредување, затворајќи улици со цел да се изолираат една од друга зграда и нивните станари, наложувајќи им на сите да се тестираат на Ковид-19 или да платат 645 долари.

Атланта, 3 февруари 2021 (МИА) – Џулијана Карлос објави пост на Инстаграм, каде се извини за инцидентот на вчерашниот натпревар меѓу Атланта и Лос Анџелес лејкерс.

Карлос беше една од четворицата фанови кои беа отстранети од првиот ред поради конфликт со напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close