МИА ФлешПакети

МИА Флеш

2 февруари 2021

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Мариjа Едилеуза Фонтенеле Реис, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Федеративна Република Бразил за Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, посакувајќи искрено добредојде во нашата земја на бразилската амбасадорка, Пендаровски во своето обраќање на церемонијата истакна дека и покрај географската оддалеченост на двете пријателски земји, постои заедничка желба и потенцијал за развивање на меѓусебните односи.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“.

– Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, се наведува во соопштението на турски „Мигрос Тиџарет“.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 29-та седница го заврши општиот претрес по предлог-измените и дополнувањата на Законот за семејството, чија цел е усогласување на прекршочните санкции во делот на висната на глобите со новиот Закон за прекршоци, во насока на нивно намалување. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова истакна дека е потребно да се направат измени во член 181, со кој е предвидено децата да се должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работ и немаат средства за издржување. Ова не важи само во случај кога на родителот му е одземено родителското право.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Од извештајот на израелската компанија не можеме конкретно да знаеме дали имало или не лажни базни станици од трети страни во 2014 година, затоа што е многу сиромашен и нема доволно детали, изјави вешто лице на денешното судење за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.

Според вештакот Кире Јакимовски, извештајот на израелската компанија дека на територијата на Град Скопје имало активен нелегален систем за следење на комуникациите, е делумен и не може да го убеди јасно и недвосмислено како експерт дека се детектирани лажни базни станици.

Лондон, 2 февруари 2021 (МИА) – Во Велика Британија денеска почна тестирање на 80.000 луѓе од врата до врата во обид да се спречи заразата со така наречениот јужноафрикански нов вид на Ковид-19.

Во Велика Британија од 22 декември досега се регистрирани 105 заразени лица во осум подрачја со новиот јужноафрикански вид на Ковид-19. Лицата ќе мора да се тестираат без оглед дали покажуваат симптоми или не.

Москва, 2 февруари 2021 (МИА) – Москва има причина да верува дека инцидентот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил лажен, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Ан Линд.

– Што се однесува до случајот Навални, не ни се дадени никакви информации што ги докажуваат обвинувањата против руските власти, истакна Лавров, пренесе ТАСС.

Мадрид, 2 февруари 2021 (МИА)  – Шпанската Влада донесе одлука од утре па во следните две недели да ги ограничи авионските пристигнувања од Бразил и Јужноафриканската Република, земјите во кои се откриени новите, многу позаразни видови на коронавирус, соопшти денеска сајтот „Кадена Сер“.

Летовите кон Шпанија можат да ги користат само граѓаните на оваа земја и жителите што се враќаат во Шпанија или патниците кои транзитираат, а кои одат во земји надвор од Шенген зоната, додека во Шпанија можат да поминат само помалку од 24 часа, додава сајтот.

Токио, 2 февруари 2021 (МИА) – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска соопшти дека вонредната состојба воведена поради Ковид-19 на 8 јануари ќе биде во сила до почетокот на март во Токио и некои други региони.

– Сакаме да го спречиме ширењето на коронавирусот по секоја цена. Бројот на заразени е во пад. Мора да продолжиме со трендот и да се намали бројот на хоспитализирани и заболени лица со тешки симптоми, посочи Суга.

Вухан, 2 февруари 2021 (МИА) – Истрагата на Светската здравствена организација за потеклото на коронавирусот во Вухан се одвива „многу добро“, изјави денеска еден од тимот експерти Питер Дашак.

Дашак е член на експертскиот тим што денеска го посети Центарот за контрола на зоолошките болести во градот во кој беа евидентирани првите случаи на коронавирус, во декември 2019 година.

Њујорк, 2 февруари 2021 (МИА) – Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска повика на поддршка за хуманитарните групи во Сирија за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини против коронавирус во целата земја, која е зафатена од војна, и ја повика владата во Дамаск да не прави дискриминација, пишува британски Гардијан.

– Оние кои ја снабдуваат Сирија треба да сторат сè што е во нивна моќ за да се осигураат дека ќе стигнат до најранливите групи, без разлика каде се наоѓаат во земјата, изјави претставничката на ХРВ во Сирија Сара Каиали, пренесува Гардијан.

Токио, 2 февруари 2021 (МИА) – Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга денеска изјави дека Јапонија планира да ја започне вакцинацијата против Ковид-19 во средината на февруари.

Тоа ќе биде порано од првичните планови вакцинацијата да започне кон крајот на месецот.

Back to top button
Close
Close