МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 февруари 2021

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен, информираат од ОЈО Скопје.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Во минатото како набљудувач на настаните во земјата сум знаел да бидам критичен, кога сум сметал дека така треба и сум поддржувал одлуки и процеси кога сум сметал дека се во интерес на граѓаните. Тоа ми дава за право да и во иднина од функцијата Народен правобранител да бидам во служба на граѓаните, а не сервис на власта, изјави новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери, по давањето свечена изјава во Собранието.

Сметам, нагласи Зибери, дека мојот досегашен ангажман е доволна гаранција за успешно извршување, согласно закон и уставот на оваа многу важна функција за граѓаните на државата.

Велес 1 февруари 2021 (МИА)Велешка Маслодајна  поранешна Прехранбена индустрија „Благој Ѓорев“ А.Д , а од лани преименувана во Прехранбена индустрија  „Кристал 1923“ А.Д од македонските земјоделци откупи 3 000 тони сончогледово семе, кое е појдовна суровина за производство на рафинираното масло за јадење. Како што информираат за МИА од Маслодајна „Кристал 1923“ поголем дел од преостанатите количества на сончоглед биле откупени од странство по значително повисока цена.

  Со оглед на тешката економска криза за време на пандемијата бевме приморани да ја купуваме и дополнуваме од соседните земји по значително повисоки цени, отежнати транспортни услови, зголемени  непланирани  трошоци  со кои мора да се справиме се со цел да обезбедиме  доволно залихи на квалитетно масло за јадење  за нашето население и  добра  цена  за секој купец, појаснуваат од Прехранбената индустрија „Кристал 1923“.

Брисел, 1 февруари 2021 (МИА) – Европската комисија ќе ги продолжи разговорите со АстраЗенека за да добие повеќе дози од нивната вакцина против Ковид-19 отколку што компанијата вети за првиот квартал од годинава, изјави денеска портпарол на ЕК.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен рече дека АстраЗенека го зголемила снабдувањето на ЕУ на 40 милиони дози до крајот на март, по големото намалување на испораките минатата недела.

Хаг, 1 февруари 2021 (МИА) – Полициската агенција на Европската унија (Европол) денеска ги предупреди земјите да внимаваат на лажните потврди за тестирање за Ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат пари со забраната за патување поради пандемијата.

Многу земји бараат од патниците да имаат негативен тест за Ковид-19 при влез во земјата, со цел да се забави ширењето на коронавирусот.

Берлин, 1 февруари 2021 (МИА) – Германската фарамцевтска компанија Баер (Bayer) ќе произведува вакцина против Ковид-19 на компанијата КјурВак (CureVac). Вакцината е во завршна фаза на тестирање, а издавање на дозвола за употреба се очекува во следните неколку месеци.

– Во нашиот погон во Вупертал би требало да почне производстворо на вакцината на компанијата КјурВак. Испораката на првите дози се очекува да биде до крајот на годината, изјави членот на Управата на Баер, Стефан Олрих.

Лондон, 1 февруари 2021 (МИА) – Стапките на зараза во Велика Британија се уште се високи и затоа ограничувањата не можат да се ублажат, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

– Почнуваме да гледаме некои знаци на порамнување, а можеби дури и пад на стапката на инфекција и хоспитализација, рече Џонсон, истакнувајќи дека тие се уште се многу високи.

Париз, 1 февруари 2021  (МИА) – Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата.

Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани.

Вашингтон, 1 февруари 2021 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази длабока загриженост поради насилното задушување на демонстрациите низ цела Русија и апсењата на илјадници приврзаници на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Руското Министерство за надворешни работи на Твитер директно ги обвини САД дека стојат зад протестите во Русија, додавајќи дека станува збор за „сериозно мешање во внатрешните работи на Русија“.

Бејрут, 1 февруари 2021 (МИА) – Либанската армија денеска соопшти дека уапсила 18 лица, вклучително и Либанци и Сиријци, поради поврзаност со терористичката организација Исламска држава (ИД).

Апсењата се случиле по „теренски операции“ спроведени изминатите две недели во северниот град Арсал, се вели во соопштението на армијата.

 

Back to top button
Close
Close