МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 февруари 2021

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.

Скопје, 1 феруар 2021 (МИА) – Пандемијата покажа дека земјите во развој и развиените земји се меѓусебно зависни. Во таа насока неопходно е мултилатерално координирање и работа за еднаков пристап и дистрибуција на вакцини, тестови и терапија. Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, терапија и дијагностика. Економската активност нема да се врати во нормала се додека сите земји не ја стават под контрола пандемијата, истакна премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.
Премиерот подвлече дека темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и додаде дека целосно го разбира чувството на граѓаните колку што е можно побргу да започне процесот на вакцинација и во нашата земја.
-Уште од стартот кога започнаа да се наѕираат резултатите од производството и тестирањата на вакцините го ставивме во функција целиот капацитет на Владата за да ги пласираме издвоените средства од КОВИД програмата, како и средствата што доаѓаа од ЕУ или Светска Банка за набавка на вакцината. Ние секако се приклонивме во очекувањата кон механизмите на Брисел за испорака на потребните количини од вакцината и преку КОВАКС системот. Но, треба да ги земеме предвид и објективните околности дека некои од производителите од западноевропските земји потфрлија прво во проценките кога ќе завршат целосните тестирања на вакцините, а потоа и во производство на количините кои на глобално ниво надминуваат неколку милијарди дози, вели Заев во интервјуто и додадава дека потфрлањето на производителите е кон речиси сите земји, при што доделени се само 10 до 15 проценти од очекуваните количини во првиот или вториот турнус и тоа е причината зошто некои од европските земји кои ветија дека ќе споделат дел од вакцините со земјите од Западен Балкан не можеа да го направат тоа како што беше замислено.
Како резултат на тоа, Заев истакна дека веднаш се премина и кон интензивна комуникација со сите производители и сите можни влади и контакти кои би можеле да ни помогнат.
Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки, велат од Стопанската комора на Македонија.

Штом ќе се договори нешто конкретно, велат од Комората, јавноста ќе биде информирана.

-Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, одговорајќи на новинарско прашање.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“ изрази жалење дека голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои, како што рече, се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните.

-Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против пописот“, рече Заев.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. 

Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари годинава.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Вкупно 93 граѓански организации изразија поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование.

Како што соопштија денеска од ХЕРА, интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не контактирале членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ за нивно учество на протестите „За заедничка Македонија”. За ова сведочеа повеќе сведоци, повикани од одбраната на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прв сведочеше ракометарот Борко Ристовски, кој рече дека во 2017 година не живеел во Скопје и немал никакви активности за протестите на „За заедничка Македонија”, и дека само дал морална поддршка, со свои коментари и излагања на Фејабук.

Белград, 1 февруари 2021 (МИА) – Во Србија продолжува масовната вакцинација и досега вакцинирани се 450.000 граѓани, а за имунизација пријавени се 850.000 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Членот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, изјави дека досега во Србија се вакцинирани 450.000 лица, што е далеку помалку од бројот на жители во Србија и дека тоа не е доволно за да се постигне колективен имунитет.

Нејпјидо, 1 февруари 2021 (МИА) – Воениот командант на Мјанмар, високиот генерал Мин Аунг Хлаинг, е во центарот на вниманието откако војската денеска уапси политичари од владејачката Национална лига за демократија (НЛД) и соопшти дека ја презема власта во земјата, а од 2019 година е под санкции на САД по обвиненија за геноцид врз муслиманите Рохинџи.

Војската на Мјанмар, попозната како Татмандав, е многу затворена и стручните аналитичари малку знаат за нејзината внатрешна организација и операции, како и за нејзиниот врховен командант, јави Ројтерс, пренесува Јаху њуз.

Back to top button
Close
Close