МИА ФлешПакети

МИА Флеш

29 јануари 2021

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата препорача работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да продолжи да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите и да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Вкупно 56,1 проценти „воопшто“ или „до некаде“ не се согласуваат со изјавата дека „реформите можат да се спроведат без надворешен притисок“, за разлика од нив, 42,1 проценти „целосно“ или „до некаде“ се согласуваат дека „властите имаат капацитет за спроведување реформи“, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и телевизија Телма.

Истражувањето, кое МЦМС и Телма го посветија на капацитетите на властите за спроведување на реформи без притисок на ЕУ, како и ставовите на граѓаните за иднината на ЕУ, беше претставено денеска на онлајн-конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграции“.

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Просечната камата кај кредитите во декември изнесува 4,63 отсто и забележува намалување од 0,05 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Според податоците намалување на просечната камата е забележано и кај депозитите од 0,01 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годиношно ниво. Во декември 2020 година просечната каматна стапка на депозитите изнесувала 0,95 отсто.

Тетово, 29 јануари 2021 (МИА) – Повеќе километри патишта се реконструирани за три години отколку за 11 години на поранешната Влада, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Тетово одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има реални реконструкции на сообраќајниците.

-Минатата година имаме рехабилитирано 243 километри од патната мрежа во државата, а само како една паралела, во изминатите 11 години кога на власт беше една друга политичка гарнитура,  беа реализирани 550 километри.  За една година имаме реализирано само 243 километри, така што разликата е огромна, но можам да кажам дека ќе продолжиме уште посилно и во време на пандемија, рече Бочварски.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Јапонија, Хиронори Савада. Ова беше прва средба на министерот со новиот амбасадор, соопшти Министерството за здравство.

На средбата, како што се посочува, се разговараше за актуелната ситуација со пандемијата со Ковид-19 во државава и во Јапонија, за долгогодишната успешна соработка меѓу двете држави, како и за потпишувањето на договорот меѓу Амбасадата на Јапонија и Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби на 4 февруари.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – За потпишување на договорот на Северна Македонија со Фронтекс постои очигледен интерес и во самата Европска Унија ова прашање да се регулира, со оглед на нашата георгафија. Мигрантската криза 2015 и 2016 година, балканската рута и специфичната територија, ја прави македонската граница важна за ова прашање, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

-Договорот не е потпишан. Ние бевме меѓу првите земји што ги затвори суштински и содржински преговорите во однос на правата, обврските, одговорностите од Фронтекс. Главното и последно прашање е ова што сега се јави со овој сегашен предизвик, односно македонскиот јазик, тоа што Бугарија има резерва во однос на формулацијата македонски јазик, рече Димитров.

Тирана, 29 јануари 2021 (МИА) – Албанскиот државен комесар за избори, Илирјан Челибаши, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“ што се одржа во Тирана, рече дека и понатаму како проблем останува „финансирањето на партиите од светот на криминалот или нелегалните бизниси“.

Тој нагласи дека ако политичките партии бидат транспарентни и дејствуваат легално, земјата ќе има општествен напредок.

Белград, 29 јануари 2021 (МИА) – Министерот за финансии во Владата на Република Србија Синиша Мали соопшти денеска дека во април ќе започне пријавувањето на граѓаните за нов пакет финансиска помош,јави дописникот на МИА од Белград.

-Делот од економскиот пакет што се планира за помош на граѓаните (60 евра) ќе се исплати на две рати. Првите 30 евра во мај, а вторите во ноември. Сите полнолетни граѓани кои сакаат да се пријават ќе можат да го сторат тоа во април, кажа Мали, додавајќи дека пензионерите ќе добијат вкупно 110 евра.

Стокхолм, 29 јануари 2021 (МИА) – Шведска, која не воведе „затворање“ за време на пандемијата на коронавирусот, регистрираше нови 2.400 случаи на зараза, покажуваат денешните податоци на здравствените власти на таа земја.

Бројот на новоинфицирани во Шведска значително се намали во последните неколку недели, и ова е најмал број на новозаразени во последните три месеци.

Вашингтон, 29 јануари 2021 (МИА) – Американската компанија Џонсон и Џонсон планира следната недела да побара одобрение од Американската агенција за храна и лекови за итна употреба на нејзината вакцина, која се применува во единечна доза, а како што објавија, ефикасноста е помеѓу 66 и 72 проценти.

Според компанијата, оваа ефикасност е прикажана во САД, додека клиничките испитувања на три континенти покажале дека е 66 проценти ефекасна против различни варијанти на вирусот.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close