МИА ФлешПакети

МИА Флеш

29 јануари 2021

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Прифативме работна средба со заменикот на претседателот на Владата, а не со замениците на заменикот, повторно реагира денеска Независната угостителска комора (НУК) откако од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи им било соопштено дека тој не може да присуства на состанокот закажан за попладнево во 14:30 часот.

Состанокот од Владата не го откажале, туку предложиле наместо Битиќи, да присуствува претставник од неговиот кабинет.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за БТВ.

Приштина, 29 јануари 2021 (МИА) – Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти оцени дека најавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ за задолжително служење на воениот рок во неговата држава поради наводните опасности кои ѝ доаѓаат од Косово, претставуваат закана за мирот и стабилноста во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По изјавата на Вучиќ, која ја пренесоа вчера косовките медиуми, дека „Србија ќе ги зголеми воените капацитети поради развојот на настаните во Косово“, Хоти порача дека таквите ставови на српскиот лидер се на штета и на постигнувањето конечно решение за споровите меѓу двете држави.

Берлин, 29 јануари 2021 (МИА)Договорот меѓу Европската унија и компанијата „Астра Зенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара објаснување од производителите на лекови за доцнењата во испораката.

Таа за радиото Дојчландфанк рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартала од 2021 година, а спомена и четири производствени погони, од кои два во Велика Британија.

Москва, 29 јануари 2021 (МИА) – Москва го повика Вашингтон да се ослободи од хемиското вооружување што е можно поскоро и да престане да инсинуира дека Русија развива ваков вид оружје, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, јави Тасс.

Стејт департментот претходно соопшти дека Русија наводно ја развива својата хемиска програма.

Мексико, 29 јануари 2021 (МИА)Мексико денеска ја престигна Индија по бројот на смртни случаи од коронавирус, со што оваа латиноамериканска земја се рангира на третото место на светската црна листа.
Мексиканското Министерство за здравство соопшти за 18.670 нови случаи на инфекција со коронавирус и уште 1.506 смртни случаи, со што бројот на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 1.825.519, а на смртните случаи на 155.145.
Вкупниот број починати во Индија, земја со десет пати поголема популација од Мексико, изнесува 154.847 лица.
Според бројот на жители во Мексико – 126 милиони, стапката на смртност во земјата е помала отколку во други држави, како Велика Британија, Чешка, Италија, САД, Перу и Шпанија, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“.

Вашингтон, 29 јануари 2021 (МИА) – Американското списание „Хил“ пренесува дека американската армија ќе ги смени правилата за изгледот на војниците, така што во иднина на жените ќе им биде дозволено косата да ја носат во коњски опавчиња или да имаат кратка фризура, да носат обетки, ставаат кармин и лак за нокти, а се со цел да се создаде поголема инклузивност.

Измените, што се очекува да бидат содржани во одлуката донесена меѓу 25 и 26 февруари, се темелат на препораките дадени во декември од разноликиот Совет на воени лидери, од кои повеќето се жени.

Брисел, 29 јануари 2021 (МИА)Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел вчера разговараше со новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД, соопшти Европската дипломатска служба.

Како што се наведува во соопштението, двајцата високи претставници разговарале за важноста од обновување на стратешкото партнерство ЕУ-САД со цел заедничко решавање на итните глобални предизвици.

Вухан, 29 декември 2021 (МИА) – Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на коронавирусот денеска се состана со кинеските научници, по што ќе следат и посети на лаборатории, пазари и болниците во Вухан.

Вчера заврши двонеделниот карантин на тимот експерти на СЗО по нивното пристигнување во Кина, па сега тие можат да ја почнат истрагата, чии резултати ги очекува целиот свет.

Back to top button
Close
Close