МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 јануари 2021

Женева, 28 јануари 2021 (МИА)Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека стапките за пренесување на Ковид-19 во Европа се уште се превисоки, поради што здравствениот систем е под сериозен притисок и затоа е рано да се олабавување на мерките.

– Треба да бидеме трпеливи, ќе биде потребно време да се изврши вакцинацијата. Научивме сурови лекции – отворањето и затворањето и повторното брзо отворање е лоша стратегија во обид за справување со коронавирусот, рече Клуге на онлајн брифинг.

Лос Анџелес, 28 јануари 2021 (МИА) – Новата ТВ-серија под наслов „Живи мртовци: Светот од другата страна“ (Тhe Walking Dead: World Beyond), доби доста критики затоа што двајца од главните ликови се хомосексуалци. Продуцентите на Твитер ги повикаа критикувачите да не ја гледаат серијата.

„Ако ЛГБТ ликовите на телевизија (или каде било) ви се непријатни или ве лутат, ве молиме отследете нѐ. Во истовреме, ние ве охрабруваме да погледнете во себе и да бидете поотворени за прифаќање на различностите. Знајте дека нема место, меѓу нашите обожаватели, за омраза, дискриминација или пак, за свесно незнаење“, се вели во објавата.

Москва, 28 јануари 2021 (МИА)  – Руската вакцина „Спутник V“ е речиси 100-отстотно ефикасна во развивањето на клеточен имунитет од Ковид-19 година, изјави Дарја Јегорова, научен соработник во лабораторијата за генетско инженерство за патогени микроорганизми во Центарот „Гамалеј“.

Јегорова прецизираше дека имунолошката ефикасност се однесува и на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор на организмите.

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Хелсиншкиот комитет за човекови права го поздравува вчерашното донесување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и очекува значително подобрување на институционалната и сеопфатна поддршка на жртвите на родово базирано насилство.

-Овој закон треба да придонесе да се надминат пречките и недостатоците кои ги имавме со претходното законско решение, преку обезбедување на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерки и активности за заштита на жртвите на овој вид на насилство. Новиот закон опфаќа нови форми на насилство кои ги воведува Истанбулската коннвенција и дефиниции за одредени поими, кои до сега не беа опфатени, како родово базирано насилство (насилство насочено против жената затоа што е жена или коешто несразмерно ја погодува и ги опфаќа причините и резултатот од нееднаквиот однос на моќта помеѓу жените и мажите), демнеење, генитално осакатување, сексуално насилство односно неконсезуалните сексуални дејствија, итн., како и поддршка на сите категории на ранливи жени, вклучително жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, жени кориснички на дроги, бремени жени, Ромки итн, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Со 35 индексни поени од 100 земјава го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси интернешнел заедно со БиХ, Монголија и Панама што е најлошо рангирање од 2001 година од кога првпат беше ставена на ранг листата. Во однос на рангирањето од 2019 година бележиме пад од пет места иако имаме ист број на индексни поени, додека БиХ бележи пад од седум места со што двете земји се најлошо рангирани во регионот на Западен Балкан.

Како што истакна претседателката на Транспаренси интернешнел Македонија, Слаѓана Тасева на денешната прес-конференција, кај две третини од вкупно 180-те рангирани земји индексот е помал од 50 поени, а средната вредност на глобално ниво е 43 индексни поени што покажува дека во целиот свет се влошува состојбата со корупцијата.

Тирана, 28 јануари 2021 (МИА) – Обилните дождови од последните две недели на целата територија на Албанија позитивно се одразија во полнењето на речиси празните вештачки акумулации.

Тоа посебно се однесива на сливното подрачје на каскадата на реката Дрим, каде се наоѓаат трите државни хидроелектрани Фиерза, втората по големина ХЕ на Балканот,  Коман и Вау те Дејес.

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Собраниската седница за пратенички прашања само што почна, беше прекината по барање на пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, кој имаше забелешка на редоследот на пратеници кои треба да поставуваат пратенички прашања.

Тој го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери дека „ја блокира албанската опозиција“ и побара еден час пауза.

Приштина, 28 јануари 2021 (МИА) – Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не е поврзано со договорот што треба да се постигне со Белград, туку дека е внатрешна одлука на Косово.

Приштина, рече Харадинај, до обединувањето треба да дојде на истиот начин како што тоа го направи со армијата, Трепча или одлуката за независност, пренесе „Газета Експрес“.

Брисел, 28 јануари 2021 (МИА) – Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Северна Македонија е рангирана на 111. место со 35 бодови, а таа позиција ја дели со Босна и Херцеговина и Монголија.

Во регионот на Западен Балкан најдобро разнгирана е Словенија со оценка 60, потоа Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија – 38 и Косово 36 бодови.

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Познавањето на работничките права е прв чекор кон нивно успешно практикување, поради што е потребно зголемување на јавната свест на работниците, младите и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. За таа цел почнува кампања „Мој труд, мои права!“ чиј почеток беше најавен денеска.
Во рамки на кампањата ќе се преземат активности со кои ќе се информираат младите кои што сѐ уште се во процес на средно или високо образование и во иднина би биле дел од работната сила, сите вработени лица од сите професии, лицата што бараат вработување, како и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од трудовото законодавство.
Во тек на наредните шест месеци и преку активности на различни медиуми како што се социјални мрежи, интернет портали, радио, печатени материјали…, кампањата ќе понуди лесно достапни и детални информации поврзани со работничките права.

 

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – Собранието в понеделник ќе ја продолжи 30. седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Сепак, за тоа кој ден ќе се расправа за интерпелацијата поднесена од опозицијата, најмногу ќе зависи од Димитров и неговите ангажмани.

Покрај 30. седница Собранието ќе се обиде да ги заокружи и точките од дневниот ред на 32. седница. Владејачкото мнозинство во Собранието има проблем со бројот на пратеници поради отсуство на неколкумина, но тоа според првиот парламентарец Талат Џафери не е проблем, бидејќи за да се расправа за законите не е потребно во салата да се сите пратеници. Може да се расправа за законите и другите точки, вели тој, а потоа еден ден да се закаже гласање и да се изгласаат сите закони и други точки на дневниот ред.

Back to top button
Close
Close