МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 јануари 2021

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, посакувајќи им празникот да го поминат во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.

-Духовната и просветителско-образовна дејност на свети Сава е еден од најзначајните темели на српската национална и културна самобитност. Неговото дело е неизоставен дел од традициите, обичаите и културно наследство на припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија која активно придонесува за политичкиот, општествениот и културниот живот. Се радувам и на придонесот што нашите граѓани од српска националност го имаат во продлабочувањето на односите со соседна и пријателска Република Србија, пишува во честитката претседателот Пендаровски.

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Тешко е да се предвиди точниот датум кога вакцините од КОВАКС механизмот би пристигнале во Република Северна Македонија. Во едно неодамнешно соопштение, КОВАКС најави дека испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји. Доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во КОВАКС механизмот истовремено или што поблиску до таа цел.

Ова во интервју за МИА го истакнува д-р Џихан Тавилах, претставник на Светската здравствена организација во Република Северна Македонија. Таа потсетува дека СЗО одобри итна употреба на вакцината Pfizer Ковид-19 (BNT162b2) и посочува дека во моментов има 12 вакцини што се предмет на оценување за добивање одобрение за итна употреба, од кои три се во завршната фаза од оценувањето, а постојат уште две други вакцини кои во моментов се наоѓаат во фазата на доставување на потребните податоци до СЗО.

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар.

Во мавровскиот регион ноќеска во 1.30 часот е регистриран земјотрес, со јачина од 3,2 степени.

Лондон, 27 јануари 2021 (МИА)  – Британската Влада денеска ќе го објави планот за ограничен хотелски карантин за Британците кои се враќаат од 30 земји со висок ризик, опфатени со забраната за патување поради Ковид 19, пишува британски „Тајмс“.

Британските медиуми јавуваат дека станува збор за земјите од Јужна Америка, Португалија, Зелено’ртски Острови и Јужна Африка, пренесува Ројтерс.

Вашингтон, 27 јануари 2021 (МИА)Меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација е Западен Балкан, беше речено во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД, Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници истакнале приоритетни теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан, каде што е актуелно прашањето за решавање на односите и постигнување договор меѓу Белград и Приштина.

Амстердам, 27 јануари 2021 (МИА)Во Холандија четврта вечер по ред се протестира против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени испратени дома порано од безбедносни причини.

Властите ги повикаа родителите на тинејџерите да не ги пуштаат да излегуваат, предупредувајќи дека може да завршат со кривично досие и да добијат огромни казни за уништување автомобили, продавници и јавен имот.

Токио, 27 јануари 2021 (МИА) – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини откако пратеници од владеачката коалиција посетиле ноќни клубови и покрај препораките на неговата влада да се избегнуваат непотребни излегувања и собири за да се спречи ширењето на Ковид -19 во земјата.

-Многу ми е жал што ова се случи кога ги молиме луѓето да не ги посетуваат рестораните по 20 часот и да избегнуваат неитни излегувања, рече Суга пред парламентот, додавајќи дека секој пратеник треба да ги почитува овие мерки со цел јавноста подобро да ги разбере и прифати, пренесуваат британските медиуми.

Лос Анџелес, 27 јануари 2021 (МИА) – Многумина веќе заборавија, а некои и не се сомневаат дека Мики Рурк и Роберт де Ниро се мразат уште од 1987 година… И во 2020., тие искри повторно летаа меѓу нив двајцата.

Пред речиси 34 години, тие заедно глумеа во трилерот „Ангелско срце“. Де Ниро е речиси 10 години постар од Рурк. Кога Рурк тукушто ја започнуваше својата актерска кариера, Де Ниро веќе беше суперѕвезда со „Кум 2“, „Таксист“ и „Ловец на елени“. До 1987 година, самиот Мики беше миленик на милиони гледачи, но тој го почитуваше Де Ниро и беше воодушевен што ќе соработува со него. Сепак, Де Ниро одби да комуницира со младата sвезда во подем.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close