МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 јануари 2021

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани на денешната работна средба ги потврдиле пријателските односи помеѓу двете држави, размениле мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од  заеднички интерес, со особен акцент на областа на безбедноста.

– Во таа насока од страна на двајцата соговорници за наредниот период беа разгледани  можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, особено за децата од социјално загрозени средини, го одржа својот прв состанок, кој поради превенција и заштита од Ковид-19 се одржа онлајн.

Оваа консултативна група ја сочинуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика, на други релевантни министерства, државни и меѓународни институции, на академската заедница, на вработените во предучилишните установи во земјата, како и претставници од невладиниот сектор.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо на денешната средба го реафирмирале ставот дека билатералните односи меѓу двете земји се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Компаниите чувствуваат дека корупцијата им пречи во водењето бизнис, особено на оние кои навистина сакаат да се пласираат на пазарот со квалитет и продуктивност, а не преку коруптивни делувања. Сепак, чувствуваат дека индивидуално немаат моќ да ги променат работите. Потребна е заедничка борба и залагање на сите засегнати страни за да се изгради општество со нула толеранција за корупцијата.

Ова е една од забелешките добиени по спроведувањето на тригодишниот проект за спречување и борба против корупцијата во бизнис-секторот, финансиран од Европската унија, а спроведен од Центарот за граѓански комуникациии во партнерство со „Конект“ и Здружението на даночни советници.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis), како еден од најважните предуслови за членство на земјава во Европската Унија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на свеченото потпишување во Владата присуствуваа и претставниците на економските оператори на кои претставничките од СЕП, државната секретарка Калинка Габер и раководителката на секторот за подготовка на националната верзија на acquis (правото на ЕУ) Слаѓана Ангелова, им ги предадоа копиите од Рамковната спогодба.

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Од утре до понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд, со умерен интензитет и на места, особено во западните делови, ќе бидат пообилни, а во недела понекаде и над 25 литри на 24 часа.

Според УХМР, на планините во западните делови ќе врне снег. Во сабота и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места.

Тирана, 22 јануари 2021 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета ги објави, како што наведува, повеќе од загрижувачките податоци на Евростат, за бројот на албански граѓани баратели на економски азил на 10 илјади жители, во периодот 2014-2019 година.

Во тој период економски азил во некоја од земјите на ЕУ побарале 189.975 албански граѓани.

-Албанија во 2019 година е на прво место во Европа според бројот на економски баратели на азил на 10 илјади жители. Врз основа на податоците на Евростат, Албанија ја забележува најголемата нето миграција, во споредба со сите други балкански земји. Албанија зад себе ги остави и земјите кои штотуку излегоа од војна и граѓански конфликти, наведува Мета.

Белфаст, 22 јануари 2021 (МИА) – Првата министерка на Северна Ирска Арлин Фостер денеска изјави дека Демократската унионистичка партија (ДУП), која таа ја предводи, ја предупредува британската Влада за можни проблеми, поврзани со границата со Ирска по транзицискиот период по Брегзит.

– Премиерот (Борис) Џонсон ни вети дека нема да има потешкотии, но со оглед на протоколот и сите тешкотии што ги видовме на теренот, јасно е дека тоа ќе се случи. Сè беше јасно однапред, рече таа за Би Би Си Радио 4.

Хонг Конг , 22 јануари 2021 (МИА) – Хонг Конг ќе  воведе карантин за десетици илјади свои жители за борба против новиот бран епидемија на коронавирусот, и тоа е прва таква мерка што градот под кинеска управа ја презеде од почетокот на пандемијата, објави денеска локален весник.

Саут Морнинг Чајна Пост, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата, соопшти дека новата мерка ќе биде насочена кон области на Јордан и Шам Шуи По кои опфаќаат мал, но густо населен дел од полуостровот Коулун. Постојат многу стари станови во населбите каде што вирусот може полесно да се шири.

Kаиро, 22 јануари 2021 (МИА) – Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томоровски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот.

– Сите натпревари на турнирот се тешки, но нема да се предадеме. Ветувам, ќе дадеме сè од себе за да и приредиме изненадување на Русија, го цитира Томоровски прес-службата на Меѓународната ракометна федерација.

Back to top button
Close
Close