МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 јануари 2021

Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) – Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра. 

Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) – Имаме раст на просечната нето плата во ноември, наша цел се достоинствени плати и подобар животен стандард за граѓаните. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, објави премиерот Зоран Заев.

-Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари. Ваквото зголемување се должи на зголемувањата на платите во наведениот период во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %), Образование (9,5 %), Информации и комуникации (9,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), Преработувачката индустрија (7,3%), како и во други бројни дејности. Нашата цел е граѓаните да имаат достоинствени плати и подобар животен стандард. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, напиша Зев на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) – Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на „Фајзер“ кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на „Фајзер“ и тоа на некој начин им ги забрза работите.

Ресен, 21 јануари 2021 (МИА) – Речиси за една четвртина е намален бројот на водни птици, кои живеат и го надлетуваат Преспанското Езеро, покажуваат податоците од зимското пребројување на Македонското еколошко друштво (МЕД) за 2021 година.

Пребројувањето, како што информира за МИА националниот координатор за зимски цензус на птици при МЕД, Данка Узунова, се врши синхронизирано со екипи од Грција и Албанија.

Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) – Земјава ќе добие техничка помош од Република Турција за воспоставување земјоделски осигурителен систем. Ова го договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на средбата со претставниците на турската Агенција за земјоделско осигурување (ТАРСИМ).

Како што соопшти Министерството за земјоделство, на средбата беше презентиран начинот на функционирање на ТАРСИМ и беше договорена соработката за техничката помош. Воедно беше договорено да се формираат работни групи со претставници од двете страни за да се почне процес на воспоставување систем на земјоделско осигурување во нашата држава.

Камењане, 21 јануари 2021 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со Ковид кризата.  Според неа, во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.

-Разговараме овој последниот пакет, дел од лицата со попреченост кои што по друг основ не биле внесени во мерките за финансиска поддршка што ги дава Владата да бидат внесени во овој петтиот пакет. Како Министерство ја правиме анализата од она што го имаме како податоци во нашите регистри по различни основи. Не е тоа голема бројка, така да верувам дека млку остананале неопфатени според нашите првични анализи. Доаѓаат апели за поддршка на семејствата со деца кои посетуваат дневни центри, изјави министерката од тетовско Камењане каде присуствуваше на отворање на првата тамошна градинка.

Атина, 21 јануари 2021 (МИА) – Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас преку нивните официјални твитер-профили упатија честитки до новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и изразија надеж за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете земји и двата народа, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека се надеваат на соработка и интензивно присуство на САД во регионот и додаде дека Бајден е „претседател на САД кој одлично ги познава прашањата поврзани со регионот“.

Виена, 21 јануари 2021 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати денеска остри критики за неколкумина локални политичари кои се вакцинарале против Ковид-19 иако не припаѓале во приоритетните групи.

– За мене е целосно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Тоа од морална страна е многу разочарувачко, истакна Курц.

Њу Делхи, 21 јануари 2021 (МИА) – Пет лица загинаа во пожарот што избувна во индиската фабрика на Институтот за серум (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во Западна Индија, пренесуваат индиските медиуми.

Компанијата соопшти дека пожарот нема да влијае на производството на вакцини против коронавирусот.

СИИ произведува вакцина направена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата исто така се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс“.

Back to top button
Close
Close