МИА ФлешПакети

МИА Флеш

15 јануари 2021

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) – Во Собранието трет ден се води расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. И третиот ден од расправата, како и претходните два дена, измина со спротивставените ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да спречи одржување на попис согласно меѓународните стандарди и практики.

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) – Новопримените професионални војници кои беа дел од последниот конкурс на Министерството за одбрана за прием на 200 професионални војници, денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, ја дадоа својата свечена заклетва.

Заменик министерот Башким Хасани, како што соопшти Министерството за одбрана, на новопримените професионални војници во свое име и во име на министерката за одбрана Радмила Шекеринска им ја честиташе свечената заклетва и им порача да бидат горди на себе затоа што стануваат дел од институција во која граѓаните имаат најголема доверба.

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.

Како што соопшти ЈОРМ, предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело „повреда на угледот на странска држава“ од член 181 од Кривичниот законик.

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) – Користејќи ги искуствата од реализацијата на Оперативниот план за вработување во 2020 година во однос на мерките кои беа најатрактивни и за кои се покажа најголем интерес, го креиравме оперативниот план за 2021 година во износ од над два милијарди денари, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Министерството, како што посочи, за оваа намена обезбеди четири пати повеќе средства во споредба со лани што значи зголемување на опфатот на невработени, зголемување на нивните квалификации согласно потребите на пазарот на трудот.

Тирана, 15 јануари 2021 (МИА) – Албанскиот премиерот Еди Рама во врска со состојбата со обилните врнежи од дожд и поплавите во повеќе делови во земјата оцени дека справувањето било „успешно положен тежок тест“, отфрлајќи ги обвинувањата на шефот на државата и опозицијата за несоодветно справување со проблемот.

Успешно положениот спит, како што рече, е резултат на инвестициите на стратешки начин на неговата влада а не за „изборни цели,како некој што правеше“.

Приштина, 14 јануари 2021 (МИА) – Владата на Косово донесе одлука за олеснување на мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19 во однос на рестрикциите на движењето на граѓаните и работното време на угостителските објекти и другите економски оператори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката објавена денеска на веб страницата на Владата, на предлог на Министерството за здравство, општините и натаму ќе бидат поделени во три категории, според степенот на ризик од ширење на заразата.

Брисел, 15 јануари 2021 (МИА) – Во врска со најавата дека Унгарија, поради „бавната испорака на европските вакцини“, размислува за увоз на „лесно достапни кинески вакцини“, Брисел порача дека „нема потреба“ за билатерална набавка на дополнителни вакцини, без да се преговара со Кина на ниво на ЕУ.

– ЕУ обезбеди 2,3 милијарди дози потенцијални вакцини и само од компаниите Фајзер и Модерна, кои веќе се користат, нарачавме вакцини за 80 проценти од населението во ЕУ, изјави портпаролката на Европската комисија Дана Спинат.

Париз, 15 јануари 2021 (МИА) –  Француското финансиско обвинителство (ПНФ) почна истрага за злоупотреба на функцијата во рамки на консултантски активности во Русија на поранешниот француски претседател Никола Саркози, јавија француски медиуми кои се повикуваат на извори блиски до истрагата.

Од ПНФ потврдиле дека почнала истрага за злоупотреба на положбата, но и поради криминал и други прекршоци.

Вашингтон, 15 јануари 2021 (МИА) –  Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер, но беше принуден да го активира со нула следбеници.

Кампањата на Бајден е незадоволна од тој потег, што означува промена од претходниот трансфер на власта од Барак Обама на Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

Back to top button
Close
Close