МИА ФлешПакети

МИА Флеш

8 јануари 2021

8 јануари 2021

Скопје– МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што ќе се утврдат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ.

Скопје – Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје.

Според податоците на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со Ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се 416 пациенти.

Лисабон – Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.

Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио, истакна дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство.

Скопје – Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, Берлин најавува дека останува посветен на ова прашање, мислам дека Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година, да помине така како што помина 2020, со неуспех по проширувањето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во празничното интервју за МИА, во кое разговаравме за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата за него поднесена од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста на администрацијата за процесот на преговори…

-Пристапниот процес е алатка за европеизација. Меѓутоа, нас никој не ни ги врзува рацете да работиме на европеизација ако веќе немаме пристап до пристапниот процес. И мислам дека што повеќе сработиме дома, толку посилна ќе ни биде позицијата и во поглед на почнувањето на преговорите со Европската Унија, вели Димитров за МИА.

Анкара – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека денеска ќе биде лансиран комуникацискиот сателит од петтата генерација „Турксат 5А“.

– „Турксат 5А“, ако даде бог, ќе ни испрати прв поздрав од Вселената. Нека ни е со среќа, напиша Ердоган на социјалните мрежи.

Вашингтон – Шефот на полицијата на Капитолот, Стивен Санд, заминува од фунцијата на 16 јануари откако службата беше остро критикувана за пропустите во обезбедувањето на Капитол по насилниот упад во Конгресот на екстремисти лојални на претседателот Доналд Трамп.
Санд ја донел одлуката кратко време откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да си поднесе оставка.

– Господинот Санд дури и не се јави после овие случувањата, истакна Пелоси.
Оставки на припадници на обезбедувањето на Конгресот побара и демократот Чак Шумер, лидер сенатското малцинство.

Порт Вила – Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала регистриран е во близина на Вануату.

Епицентарот на земјотресот бил на 137 киломтри под морското дно.

Вашингтон – Вршителот на должност американски државен обвинител Мајкл Шервин најави дека неговата канцеларија ќе ја разгледа можноста за покренување на обвинение против сите кои учествуваа во нападот на Конгресот и оти од тоа нема да биде иземен ниту претседателот Доналд Трамп.

Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во Конгресот за да спречат верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Вашингтон – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја именуваше гувернерката на Род Ајленд, Џина Рејмондо за министерка за трговија, додека на функцијата министер за труд ќе биде поставен градоначалникот на Бостон, Марти Волш, објавуваат медиумите во САД.

Двајцата демократи ќе ги предводат министерствата кои ќе ја кројат агендата на Бајден за климатските промени, технологијата, инвестициите и минималните плати, меѓу другото.

Вашингтон – Министерката за образование на САД, Бетси Девос синоќа приложи писмо до претседателот Доналд Трамп, во кое го извести за нејзина оставка, последна во низата слични оставки по заверашниот упад и насилствата во Капитолот на САД.

– Треба да ги издвоиме и славиме многуте успеси на вашата Администрација во име на американскиот народ. Наместо тоа оставени сме да го чистиме безредието предизвикано од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, во обид да го поткопаат тоа што не е нивна работа, напиша Девос.

Берлин – Германската осигурителна компанија „Мјуних Ре“ (Munich Re) соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди американски долари ширум светот.

Најголема штета од природните непогоди е предизвикана во САД.

Милано – Милан има намера да му понуди договор на играчот за врска Хакан Чалханоглу со плата од 3,5 милиони евра по сезона, објави „Скај Спорт“. Разговорите со агентот на 26-годишниот Турчин ќе се одржат следната недела.

Како што е наведено, играчот за врска сака двојно повеќе, па нема многу шанси за позитивен исход. Во исто време, Милан не сака да ја зголеми понудата, бидејќи други играчи исто така можат да бараат покачување.

Мадрид – Реал Мадрид преку социјални мрежи покажа како се одвива реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во тек се градежните работи во арената, која е покриена со снег.

Ќе се инсталира нов современ терен, ќе се заменат столчињата и ќе се извршат други работи за модернизација. Целата работа се очекува да заврши во 2022 година.

Њујорк – Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, дознал за позитивен тест за коронавирус за време на натпреварот против Бруклин (109:122) одигран ноќеска во Њујорк, објави новинарот на телевизискиот канал „ЕСПН“ Адријан Војнаровски.

Првата четвртина Кари ја помина на клупата, по што мораше итно да ја напушти арената и да замине во самоизолација.

Скопје – Минималните температури изутринава се повторно над нулата на целата територија на државата, а најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 30 литри на метар квадратен. Поинтензивен дожд утрово има во Маврово,а врнежите се претежно во западните делови.Во Пожаране утрово се измерени 3 степени, во Крива Паланка и Куманово 4 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Петровец, Тетово, Лазарополе и Маврово, во Штип 6, Oхрид, Претор, Прилеп, Битола, Берово и
Демир Капија 7, во Струмица 8, во Гевегелија 9 и во Дојран 11 степени.

Најмногу жожд во изминатите 24 часа наврнаа во Пожаране 30 литри на метар квадратен, Охрид 23,  Крушево 21, Тетово 15, Претор 14, Битола 10, Скопје-За
Рид 8, во Прилеп, Берово и Куманово пет, Штип четири л/м, Крива Паланка и Скопје-Петровец три л/м2, во Гевгелија 2, и во Демир Капија и Струмица еден л/м2. Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидатод снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close