МИА ФлешПакети

МИА Флеш

5 јануари 2021

Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) – Вкупно 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално и непристрасно за време на пандемијата со ковид-19. Медиуми во кои најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации се социјалните медиуми – дури 28,8 отсто и тоа најмногу Фејсбук, но и телевизиските канали – 26,8 отсто.

Ова го покажува истражувањето спроведено од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со агенцијата М-Проспект, во врска со ставовите на граѓаните за медиумското известување во текот на пандемијата со Ковид-19.

Штип, 5 јануари 2021 (МИА) – Ако во 2020 година после 30 години трчање и чекање станавме полоноправна членка на НАТО Алијансата во 2021 година на сите нас во одбраната, фокусот ќе ни биде практично да го докажеме и покажеме на дело, какви сме како членка, порача Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска при денешната посета на Лесниот пешадиски батаљон во касарната „Јане Сандански“-Штип.

– Во 2021 година главниот акцент ќе го ставиме токму на нашиот капацитет во Штип, каде што е лоцирана нашата НАТО декларирана главна единица, лесната Пешадија. Овдека и во текот на 2020, а особено оваа година ќе обезбедиме навистина подобри услови за работа, за вежбање, за подготовка, за НАТО предводени операции, рече Шекеринска.

Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) – Седум инспекциски служби од 28 декември до 3 јануари извршиле вкупно 5718 надзори и контроли.  Информирајќи одделно по инспекторати, претседателката на Инспекциски совет Магдалена Грашкоска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 74 надозори врз чија основа изрекол шест решенија.

ДЗСИ во овој период издал и 4576 решенија за самоизолација за лица со коронавирус и за лица кои биле во контакт со заразени, што е  20 отсто помалку од претходната седмица (20 до 27 декември) кога биле издадени 6576 решенија.

Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) – Годинава нема да биде лесна од аспект на економијата, но  бројките од 2020 година не охрабруваат, бидејќи исправните политики, инклузивноста, соработката и партнерството со сите чинители во општеството покажа резултати и очекуваме тоа да продолжи и во наредниот период. Доказ за тоа се и јавните констатации од ММФ при последната мисија во земјава и задржаниот кредитен рејтинг, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што посочи на прес-конференција во Владата, реализацијата на приходите во изминатата 2020 година е во рамките на очекувањата и е 96,7 отсто, кај даноците  и придонесите е реализирано 99,5 отсто. Кај даноците е реализирано 99,05 на годишно ниво, а кај придонесите 102,3 отсто во споредба со планот. Капиталните расходи и покрај кризата достигнаа ниво од 80 отсто на реализација во однос на планираното, вкупниот буџетски дефицит е 8,1 проценти наместо планираните 8,5 проценти.

Струмица, 5 јануари 2021 (МИА) – Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија за МИА од ОЈО Струмица.

До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“.

Приштина, 5 јануари 2021 (МИА) – Собранието на Косово за денеска во 18 часот закажа вонредна седница на која треба да донесе одлука за испраќање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во заеднички мисии со Националната гарда на американската сојузна држава Ајова, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од владината служба за информирање се наведува дека седницата е свикана на барање на премиерот Авдулах Хоти и дека дозволата за испраќање контингент на ФСК во мисии со американската војска е единствена точка на дневниот ред на денешната собраниска седница.

Пекинг, 5 јануари 2021 (МИА)Кина повика на воздржаност на сите страни вклучени во спорот околу иранската нуклеарна програма, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг, во врска со најавата на Техеран дека ќе започне со производство на 20 отсто збогатен ураниум.

– Ситуацијата со иранската нуклеарна програма и натаму е сложена и чувствителна. Ги повикуваме сите инволвирани страни да бидат воздржани, да вложат максимални напори за одржување на Заедничкиот сеопфатен акциски план (JЦПОА) и да не се повлекуваат. Ги повикуваме сите да обезбедат доволно простор за маневар за дипломатски напори, рече Хуа.

Лондон, 5 јануари 2021 (МИА) – Американскиот технолошки гигант Епл времено ги затвора сите свои продавници во Велика Британија, вклучувајќи ги и оние во Шкотска, бидејќи земјата воведува дополнителни рестриктивни мерки во борбата против Ковид-19.

Епл има 38 продавници во Британија, од кои 20 биле затворени од 22 декември минатата година до почетокот на овој месец, пишува весникот „Индепендент“.

Болоња, 5 јануари 2021 (МИА) – Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот.

Триесет и тригодишниот српски кошаркар имаше просек од 14,6 поени и 6,4 асистенции по натпревар.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close