МИА ФлешПакети

МИА Флеш

5 јануари 2021

5 јануари 2021

Скопје – За тековните процеси на реформите во судството и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот беше информиран претседателот Стево Пендаровски на денешната негова средба со министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Министерот за правда информирал за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и за новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.

Скопје – Владата денеска ќе ја одржи 37-мата седница на која, на предлог на Министерството за финансии, меѓу другото, ќе го разгледа Предлог-законот за буџети, како и Информацијата за напредок во имплементацијата на Проектот за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2020 година.

Редовната владина седница ќе се одржи преку видеоконференциска врска, со почеток во 12 часот. За заклучоците и одлуките, јавноста ќе биде информирана со соопштение по завршувањето на седницата.

Скопје – И покрај сите предзивици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да им го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Минатата, 2020-та, не научи да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени, покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени. Затоа Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му е потребна потпора, 2020 покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Оваа, 2021, напомена Заев, е година на рестарт и заживување. Кризата е можност и од нас зависи, порача премиерот, колку ќе ја искористиме. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции за кои се проектирани 23 милијарди денари, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството.

Скопје – Намалување на сиромаштијата, зачувување на работните места, поддршка на ранливите категории граѓани, заштита на правата на граѓаните, грижа за најмалите и највозрасните, на чија реализација работеше и минатата година, остануваат приоритети Министерството за труд и социјална политика и на државата за годинава, особено што здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во светски рамки, а со тоа и кај нас, ја разниша економијата, предизвика пропаѓање на бизниси, намалување на платите и приходите на граѓаните воопшто, отпуштања од работа…

Во ковид-кризата, велат од МТСП, се поставени два приоритета – зачувување на секое работно место и грижа и поддршка на најранливите категории граѓани што полесно да ја пребродат кризата. Од Министерството потенцираат дека е создаден систем кој ги апсорбира семејствата во ризик, особено во моментот на криза, преку олеснет пристап до гарантирана минимална помош и образовен додаток.

Скопје – Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува до шест стипендии за кратки студиски престои (од еден до три месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научно-истражувачи институции во Велика Британија за 2021 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Скопје – Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека утре шалтерите за наплата и за рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30. Наплатниот пункт во Сарај нема да работи.

– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје, . Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mkhttps://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/, инстаграм vodovod_skopje. Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS, велат од ајвното претпријатие и упатуваат честитки за новогодишните и божиќните празници.

Скопје – Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз утре и задутре ќе сообраќа по неделен возен ред.

Утре, 6 јануари, дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Белград -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар, пренесуваат „Новости“ и наведуваат дека ова ќе биде прва официјална посета на еден претседател на Србија на овој српскиот манастир на Света Гора во последните две децении.

Според информациите на „Новости“, Вучиќ ќе присуствува на Бадниковата вечера и на свечената богослужба во два часот по полноќ, како и на Божиќната литургија и ќе им оддаде почит на светите реликивии на познатата Хиландарска ризница.

Подгорица – Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок.

– Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата напиша Абазовиќ на Твитер.

Атина – Одлуката на грчката Влада да забрани отворање на црквите и литургии со присуство на верници за време на утрешниот празник Водици, предизвика проблеми во односите меѓу Владата и црквата во Грција, со оглед на тоа дека Светиот Синод на ГПЦ одлучи и покрај забраната, да ги отворат вратите за верниците, јави дописничката на МИА од Атина.

-Законот не може своеволно да се спроведува, па да го игнорира секој што не се согласува. Се надеваме дека црквата ќе ја сфати критичноста на овие моменти за општеството, како што тоа, одговорно, го правеше досега. Спроведувањето на превентивни и мерки претставува обврска, но и чин на општествена солидарност и одговорност на сите нас, соопштија од Владата, откако Светиот Синод на Грчката православна црква, најави дека црквите ќе останат „отворени за учество на верниците на литургија и осветувањето на водите во црквите“.

Лондон – Разгледуваме дополнителни опции за тоа како да се спречат меѓународните патувања, изјави денеска британскиот државен секретар Мајкл Гоув.

Британската Влада соопшти дека наскоро ќе бидат објавени планови за нови ограничувања на границите, што  ќе бидат воведени со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот.

Вашингтон – Избраниот претседател Џо Бајден и претседателот на САД, Доналд Трамп вчера присуствуваа на завршните митинзи на кандидатите на своите партии за сенатори од Џорџија.

Во трка се актуелните сенатори републиканци Кели Лоефлер и Дејвид Пердју против демократите Рафаел Варнок и Јон Ософ. Ако демократите ги освојат двете места во вториот круг од изборите во Џорџија, би можеле да ја повратат контролата над Сенатот, каде сега мнозинство имаат републиканците.

Канбера – Џулијан Асанж може да се врати дома веднаш штом ќе бидат завршени сите постапки против него, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, еден ден откако британскиот суд одби да го екстрадира основачот на Викиликс во САД.

Заклучувајќи дека поради психолошки проблеми, постои голем ризик од самоубиство на американскиот „свиркач“, британски судија вчера го отфрли барањето за екстрадиција во САД, каде Асанж би се соочил  со обвиненија за шпионажа.

Мадрид – Поранешниот тенисер Јон Цириак, 81-годишниот сопственик на „Мадрид Опен“ предизвика голем скандал на социјалните мрежи, изјавувајќи во интервју за романската телевизија дека Серена Вилијамс треба да се повлече од тенисот.

– На оваа возраст и со тежината што ја има сега, таа не се движи лесно како пред 15 години. Серена беше одличен играч, но ако и останеше уште малку пристојност, ќе ја завршеше кариерата, изјави победникот во двојки на „Ролан Гарос“ од 1970 година.

Лондон– Управата на Челзи е во потрага по нов тренер, пренесува „The Independent“.

Според британскиот медиум, Брендан Роџерс (Лестер Сити), Ралф Хасенхитл (Саутемптон), Масимилијано Алегри и Томас Тухел се кандидатите за наследник на Франк Лампард во случај на негов отказ.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close