МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 декември 2020

Прилеп, 30 декември 2020 (МИА) – Надминати се затекнатите проблеми со изградбата на делниците на експресниот пат Градско-Прилеп и напролет, во новата градежна сезона ќе имаме градежна офанзива. Новата компанија „Штрабар“ ќе работи на делницата Градско-Дреново, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Тој денеска во Прилеп присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новиот мост, капитален проект вреден 35 милиони денари.

-На Влада веќе донесовме одлука за преземање на делницата Градско-Дреново и кога ќе се создадат добри временски услови ќе започне со работа друга компанија, тоа е компанијата „Штрабар“ која ги презема работите од компанијата „Тирена скави“ со што влегуваме во силна инвестициска активност на овој коридор 10-Д што е многу значаен за граѓаните на Прилеп, рече Бочварски.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија започна седницата за поставување пратенички прашања, прва по 100-те дена од изборот на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

Седницата започна со одговорите на писмено поставените прашања, а претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски апелираше до претседателот на Собранието за време на одржување на седниците за пратенички прашања да нема дополнително оптоварување на пратениците со седници на други комисии. Дел од пратениците, како што кажа, треба да присуствуваат на седниците на комисиите за европски прашања и за прашања на изборите и именувањата, како и на Законодавно правната комисија. Побара од премиерот Зоран Заев да влијае на овие состојби повикувајќи се на она што е наведено во нивната програма „План за живот“.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска учествуваа на традиционалното предновогодишно академско кафе, кое годинава се реализираше „онлајн“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, во рамки на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Настанот, на кој студентите и наставниците имаа можност да разменат искуства со министерот Спасовски за безбедноста, движењето на криминалитетот, плановите за иднината, како што информираа од МВР, го водел деканот на факултетот, проф. д-р Никола Дујовски.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Компаниите се повеќе отвораат онлајн продавници или одлучуваат да бидат дел од локална „marketplace“ (маркетплејс) платформа. Дека Македонците во текот на првите девет месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се заклучи и од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници, посочуваат од Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

-Пандемијата со корона вирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи. Согласно одговорите во прашалникот за е-купувачи, спроведен од АЕТМ на 2802 испитаници, 37 отсто од нив одговориле дека значително повеќе започнале да купуваат онлајн од почетокот на пандемијата, а дури 76 отсто одговориле дека со ист обем ќе продолжат да купуваат онлајн и по завршетокот на пандемијата со Ковид-19, велат од Асоцијацијата.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Ранливите категории граѓани се најчести жртви на институционална дискриминација и како последица на тоа се соочуваат со проблеми да ги остварат своите законски гарантирани права. Токму ова е најдобар показател дека мора да се смени праксата на поставување партиски кадри во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од Здружението ЕСЕ.

Токму поради ова, од Здружението појаснуваат дека изработиле видео во кое се пренесени сведоштва на дел од лицата кои на своја кожа ја почувствувале институционалната дискриминација.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) –  Амбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.

Амбасадата соопшти дека донацијата се реализираше благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

Атина, 30 декември 2020 (МИА) – Без физичко присуство, преку видео повик, Грците кои живеат во странство ќе можат да побараат издавање на одредени потврди и  изводи преку новата платформа што е пробно пуштена во употреба во дипломатските претставништва на Грција во Велика Британија, во Њујорк и Торонто, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку платформата myConsulLive.gov.gr заинтересираните ќе можат да закажат видео повик со амбасадите и конзулатите и ќе имаат можат да добијат потврда за постојан престој во странство; потврда за брачен статус или извод од матична книга на родени; потврда за престој;  копии или извадоци од изводи; изјави за корисник на пензија, како и поднесување барања или изјави до дипломатското претставништво.

Загреб, 30 декември 2020 (МИА) – На подрачјето на Сисак, Глина и Петриња, најпогодени од вчерашниот разорнен земјотрес, пет училишта се целосно неупотребливи, додека девет ќе можат да се санираат, изјави хрватскиот министер за наука и образование Радован Фухс.

Тој додаде дека 13 училишта се употребливи.

– Пет училишта се целосно неупотребливи, девет ќе можат да се санираат, но потребни се сериозни реконструкции и имаме тринаесет училишта кои ќе можат да функционираат, рече министерот пред новинарите пред владината седница, пренесува Н1.

Загреб, 30 декември 2020 (МИА) – Хрватскатра Влада на денешната седница го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска поради жртвите од вчерашниот силен земјотрес.

– За ова се консултирав и со претседателот на Републиката и претседателот на Саборот. И тие ја поддржуваат оваа одлука, изјав и премиерот Анддреј Пленковиќ на денешната владина седница, што ја почна со една минута молк за загинатите во земјотресот.

Лос Анџелес, 30 декември 2020 (МИА) – Американската пејачка Били Ајлиш загуби над сто илјади следачи на Инстаграм откако објави стилизирано обоена слика од две жени со голи гради.

Имено, како дел од еден „интернет-предизвик“, обожавателите ја замолија пејачката да објави што ѝ стои на позадината од телефонот… Потоа таа ја објави полуеротската слика и уште една со рачно нацртани голи женски гради, задници и змии, со шеговит коментар „(Се смеам на глас) Обожавам гради“.

Back to top button
Close
Close