МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 декември 2020

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Независната угостителска комора ги поздравува најавите од Владата за петти сет антикризни мерки и очекува покана за средба со цел да даде придонес кон креирањето на мерки кои ќе бидат насочени кон реалните потреби на угостителите.

– И покрај тоа што се уште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со претседателот на Влада, ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и претседателот на Владата официјално гo најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните, а се планираат да ги дизајнираат во консултации со синдикатите, стопанските комори и други социјални партнери. Очекуваме покана како комора во креирањето на петтиот сет мерки со цел да земеме активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да дадеме и наш придонес истите да бидат креирани според вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија, велат од Комората во денешното соопштение.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Неработниот ден е прогласен согласно Законот за празници.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – АД „Пошта на Северна Македонија“ и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта.

Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.

Берлин, 30 декември 2020 (МИА) – Германија за првпат потврди повеќе од илјада смртни случаи за 24 часа од Ковид-19, покажуваат податоците објавени од Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

За еден ден, потврдени се 1.129 смртни случаи и 22.459 нови инфекции со коронавирус, според Институтот.

Лондон, 30 декември 2020 (МИА) – Британското регулаторно тело одобри потреба на вакцините против Ковид-19 на Универзитетот Оксфорд и на фармацевтската фирма АстраЗенека.

Генералниот директор на АстраЗенека, Паскал Сорио изјави дека денеска е важен ден за милиони луѓе во Велика Британија, кои ќе имаат пристап до новата вакцина.

Пекинг, 30 декември 2020 (МИА) –  Кинески суд во Шенжен осуди десет продемократски активисти од Хонг Конг на затворски казни, кои беа уапсени откако избегаа со брод од Хонг Конг.

Во судското соопштение се вели дека двајцата уапсени кои го организирале бегството биле осудени на 3 односно 2 години затвор, додека останатите осум обвинети добиле казни од 7 месеци затвор.

Пекинг, 30 декември 2020 (МИА) –  Кинеската фармацевтска компанија Синофарм објави дека една од нејзините вакцини против Ковид-19 покажала ефикасност кај 79,34 проценти од оние кои биле во клиничките испитувања.

Тој процент е помал од американските конкуренти „Фајзер“ и „Модерна“. За споредба, Фајзер тврди дека нивната вакцина е ефикасна 95 отсто, а Модерна –  94,1 отсто.

Вашингтон, 30 декември 2020 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека периодот што следи ќе биде најтежок во досегашната криза предизвикана од Ковид-19.

– Ситуацијата ќе се влоши пред работите да тргнат на подобро. Се очекува зголемување на бројот на заболени по сезоната на празници, а болниците се на крај со капацитетите. Мораме да прифатиме дека ќе има зголем број на заболени грашани во јануари и во февруари, бидејќи заболените граѓани не се појавуваат веднаш во евиденцијата. Подобрување е можно во март, кога применетите мерки ќе дадат резултати, посочи Бајден.

Ерусалим, 30 декември 2020 (МИА) – Околу половина милион Израелци примија вакцина развиена од Фајзер против Ковид-19, само девет дена од почетокот на вакцинацијата на населението, јави агенцијата ТПС.

Министерот за здравство Јули Еделштајн синоќа изјави дека повеќе од 115.000 граѓани биле вакцинирани во понеделникот, и вкупно 495.000.

Торонто, 30 декември 2020 (МИА) – Екипата на Торонто загуби од Филаделфија (93:100) во ноќешниот натпревар од новата сезона во НБА лигата.

Овој пораз беше трет во трите натпревари од сезоната 2020/21 за канадскиот тим. „Репторс“ го бележат својот најлош старт во последните 15 години. Торонто последен пат започна со три последователни порази во 2005/06 година. Тогаш тимот загуби девет натпревари по ред.

Back to top button
Close
Close