Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а слободни кревети има, информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19.

Тетово, 24 декември 2020 (МИА) – Со колективна изложба на креативни дела „И ние сме како други“ во холот на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово се претставија деца и ученици со посебни потреби. Делата се создадени за време на пригодни работилници во склоп на проектните активности на Здружението „Златна рака“ од Тетово. 

Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Службеници од Полициската станица „Богородица“ вчера ги привеле албанските државјани Т.Л. (46), Ч.Е. (33), П.Е. (36), Ш.Е. (33) и Б.А. (40), поради непочитување на член 9 став 1 од Закон за гранична контрола, односно за илегален премин на државната граница.

Од МВР денеска соопштија дека пријавените на 23.12.2020 во раните утрински часови, во близина на село Ума ја преминале државната граница од Грција во земјава надвор од граничен премин, а на место викано „Ѓубриште“, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило „Опел Вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до граничниот премин „Ќафасан“.

Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија попладнево го почнаа продолжението по 19.пленарна седница, со расправа за измените и дополнувања на Законот за инспекцијата на труд, по скратена постапка.

Пратениците дебатираат за измените и дополнувањата на Законот за инспекцијата на труд, иако веќе е завршена и амандманската расправа за овој текст, кој се носи по скратена постапка. Опозициските пратеници, кои се најбројни во дискусијата, истакнаа дека законот се носи по скратена постапка, и оти со него не само што се прави усогласување на глобите и нивно намалување и се воведува опомена пред казнувањето, туку законот се менува и во однос на условите за именување на директор на инспекторат на труд. Тие посочија на низа примери на прекршувања на работничките права.

Кочани, 24 декември 2020 (МИА) – Сега е вистинскиот момент да се направи исчекор и конечно да се децентрализира државата, за што веќе се разговара со Министерството за финансии за динамиката за фискалната децентрализација, а наредната година ќе бидеме посветени на тоа, најави денеска министерот за локалната самоуправа, Горан Милески.

Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Меѓународната организација на турската култура (ТУРКСОЈ) и додели „Медал Абај Кунанбај“ на министерката за култура Ирена Стефоска.

Како што соопшти Министерството за култура, медалот Абај и е доделен на Стефоска за да го одбележи нејзиниот извонреден придонес во меѓукултурната конвергенција.

Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Кризата најмногу ги погоди примарните производители, посебно оние кои се на работ на одржливост. Предизвика и затворање на вообичаените канали за продажба поради што некои земјоделци ги продале производите директно на трговци по пониски цени, дел од вишоците се фрлени, а дел се оставени на нива. Во сточарството, грлата наменети за продажба се задржани за приплод или за продолжено гоење.

Ова го покажуваат двете анализи што денеска преку зум конференција ги презентира Националната федерација на фармери.

Скопје, 24 декември 2020 (МИА) – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека во текот на јануари Градот ќе започне со целосна реконструкција и обнова на просторот кај кејот на потегот од градскиот плоштад до хотелот Холидеј ин. Постапката, информира тој, е завршена и потпишан е договор со изведувачот.

– Бевме договорени на неколкуте состаноци што ги имав со таа заедница дека некаде по Нова година ќе почнуваме и до почетокот на летото ние таму ќе добиеме еден целосно нов, обновен, урбан простор кадешто целосно ќе биде елиминиран проблемот со автомобилите. Кога ќе почнеме градежни работи таму ќе биде невозможно да се движат возилата, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Бангкок, 24 декември 2020 (МИА)Посетителите на аквариум во Тајланд оваа недела беа изненадени кога видоа како Дедо Мраз плива, носејќи вреќа полна со храна, опкружен со риби.

Аквариумот во трговскиот центар во Бангкок беше последното место каде семејствата кои беа на шопинг очекуваа да го видат Дедо Мраз, опремен со перки, резервоар за кислород и маска за нуркање.

Сан Хозе, 24 декември 2020 (МИА) – Компанијата Зум, која стана популарна во светот за време на пандемијата на коронавирус, ги уверува своите корисници дека нема да има технички проблеми во текот на Божик и Нова Година.

Зум во декември 2019 година имаше десет милиони корисници, а во април 2020 таа бројка достигна 300 милиони.

Ереван, 24 декември 2020 (МИА) – Специјалните полициски сили на Ерменија денеска уапсија 77 демонстранти, кои ја блокираа зградата на Владата и бараа оставка од премиерот Никол Пашињан.

Пашињан и другите членови на Владата успеаја да влезат во зградата и покрај протестот.

Back to top button
Close
Close