МИА ФлешПакети

МИА Флеш

23 декември 2020

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Концептот е подготвен од релевантни универзитетски професори и наставници кои се во настава директно сега и можат да ги видат предизвиците. Универзитетските професори заеднички со наставниците изградија визија за тоа каква концепција за учење во основно образование треба да има во нашата држава. Најрелевантни се педагозите и психолозите. Ова денеска го соопшти министерката за образование Мила Царовска на прес-конференција, на која беше презентирана новата концепција за основно образование.

Одговорајќи на новинарско прашање за историја и географија да останат како засебни предмети, министерката Царовска посочи дека верува во транспарентност и додаде дека низ дискусија се носат најдобри одлуки. По денешната презентација на оваа концепција, најави дека почнува јавна дебата, а документот ќе биде јавно достапен и сите релевантни ќе можат да дадат коментар.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Со 61 глас „за“, 22 „против“ и без воздржани на денешната 28. собраниска седница беше донесена одлука за именување на Бојан Василевски за заменик на генералниот секретар на Собранието.

На ова реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која не ја поддржа предлог-одлуката.

Талин, 23 декември 2020 (МИА) – САД преку програмата Балтичка безбедносна иницијатива за 2021 година доделија 169 милиони долари воена помош за Естонија, Летонија и Литванија, соопшти денеска естонското Министерство за одбрана.

– Одлуката на американскиот Конгрес покажува дека нашиот најсилен сојузник е посветен на одбраната на нашиот регион и оти ги разбира овдешните безбедносни предизвици, истакна естонскиот министер за одбрана Јури Луик.

Келн, 23 декември 2020 (МИА) – Семејствата на жртвите од несреќите на „Боинг 737 МАКС“ ја повикаа Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) да ја одложи дозволата за враќање во функција на авионите, предупредувајќи на отворени безбедносни прашања.

Американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) минатиот месец одобри враќање во функција на авионите „Боинг“ по промените и безбедносните проверки направени по две несреќи со вкупно 346 жртви.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска го додели признанието „Успешни млади“ на осум добитници во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање по повод доделувањето на признанието, изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања на младите научници, таленти, уметници, креативци и ќе ги охрабри да продолжат да го вложуваат својот труд и да го развиваат својот талент.

Рим, 23 декември 2020 (МИА) – Петстотини семејства на жртви на пандемијата на коронавирус ќе поднесат приватни тужби против италијанската држава и ќе бараат 100 милиони евра поради сериозни пропусти во управувањето со кризата, објавија денеска медиумите.

Тужби ќе бидат поднесени против италијанскиот премиер Џузепе Конте, министерот за здравство Роберт Сперанца и Атилио Фонтана, претседател на Ломбардија, покраината што беше најлошо погодена за време на пандемијата, со речиси 25.000 смртни случаи од вкупно 70.000 починати во Италија од февруари досега.

Виена, 23 декември 2020 (МИА) – Уредбата на Министерството за образование за воведување на обврска за носење маски во училиштата, како и поделба на часовите поради корона мерки во пролетта нема правна основа. Тоа го одлучи Уставниот суд на Австрија.

Уставниот суд со таквата одлука им даде право на родителите на две деца кои се жалеа на уредбата што предвидува носење маска во училиштата надвор од училницата и поделба на одделенијата  со наизменична настава.

Лондон, 23 декември 2020 (МИА) – Стапката на репродукција на коронавирусот во Велика Британија повторно се зголеми на помеѓу 1,1 и 1,3, соопштија денеска официјални лица, што значи дека Ковид-19 продолжува да се шири.

Премиерот Борис Џонсон во саботата рече дека стапката на репродукција на новиот вид на коронавирус, што е позаразна, може да го зголеми бројот за 0,4 или повеќе.

копје, 23 декември 2020 (МИА) – Новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, денеска оствари прва официјална средба со претседателот и претставници на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Потврдена беше заложбата за развивање и унапредување на долгогодишниот партнерски однос кој го имаат воспоставено Агенцијата и Комората, како основа за обезбедување безбедна храна и развој на сточарството во земјава.

Брисел, 23 декември 2020 (МИА) – Белгиските здравствени власти соопштија дека околу 60 отсто од граѓаните сакаат да примат вакцина против новиот коронавирус. Вакцинацијата во Белгија почнува на 28 декември.

Во истражувањето на белгискиот Институт за јавно здравство и Институтот Сајансан анкетирани се 30.000 луѓе, а секој четвртти испитаник одговорил дека се уште не е сигурен во својата одлука за да прими вакцина, а 15 проценти изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – На неколку дена пред новогодишните празници инспекциските служби ги интензивираа надзорите на терен и во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа голем број координирани акции кај различни субјекти. Во период од 14 до 20 декември седум инспекциски служби извршија вкупно 5 858 контроли и надзори. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тој период изврши вкупно 98 надзори врз основа на кои изрече 10 решенија. Притоа, овој Инспекторат, што е задолжен да издава решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот, како и на лица кои биле во контакт со заболено лице, издаде и 9 065 решенија за изолација и домашно лекување.

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Се предвидуваат промени во учебниците и наставните материјали. Неопходна е замена на постојните учебници со нови, изработка на квалитетни учебници за сите задолжителни наставни предмети од групата на задолжителни предмети како математика, природни науки, општествени науки, англиски јазик, македонски јазик и јазиците на заедниците во земјава.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти професорката Виолета Бешка, која детално ја презентира новата концепција за основно образование.

Брисел, 23 декември 2020 (МИА) – Лидерите на земјите-членки и на ЕУ испратија порака до граѓаните на ЕУ во врска со пандемијата, во која им се заблагодарија и им дадоа надеж на крајот на 2020 година.

Тие објавија куси видеопораки на интернет страницата на Европскиот совет, кои ги снимија одделно, под наслов „Обединети против Ковид-19“.

Back to top button
Close
Close